Page 59 - ПАТЕКА 2
P. 59
Помалите двајца браќа одеа во основно училиште. Куќата
им беше многу убава, базенот во задниот двор беше
местото на постојано дружење. За викендите Џо им
правеше скара која имаше прекрасен мирис што се ширеше
по маалото. Целото семејство беше задоволно и среќно.
Една вечер сите собрани во дневната соба гледаа добар
филм на ТВ. На сред филмот се појави најнови вести.
Возбудената спикерка кажа дека пред пола час во Москва
паднала атомска бомба. Видно возбудени фамилијата на Џо
почна да го дискутира овој проблем. Што направија? Кој ја
стори оваа работа? Каков ужас! рече Џо. Во тој момент се
слушна силна експлозија, синот што стоеше до прозорецот
виде голема светлина од која се појави огромна печурка.
Сите се погледнаа меѓу себе....
Дали ви е јасно за што зборувам или не?
Дали ви е страв од промени или не?
58