Page 57 - ПАТЕКА 2
P. 57

од  фамилијата  ги  копираат  постарите  членови  уште  од
            раните  детски  денови.  Како  растат  младите  членови  од
            фамилијата  сè  повеќе  личат  на  своите  родители.
            Напредокот  на  новата  генерација  материјално  се  менува
            (автомобилите што се возат се подобри, алатите за работа
            се поусовршени, условите за живот се подобрени итн.) но
            менталниот склоп останува непроменет или тоа се менува
            многу малку.

            Војните  постоеле  и  постојат.  Никој  човек  во  светот  не  ги
            оправдува  војните,  но  тие  постојат.  Како  е  можно  да
            постои ваков општествен однос, никој да не го оправдува,
            а, сепак, тој да постои и не се решава?

            Традицијата на предците е толку вкоренета што делува на
            потсвеста    на   човекот.    Војните    традиционално     се
            одобруваат  и  поддржуваат  од  историски  недоразбирања
            или    политички     причини.     Одобрувањето,      односно
            поддржувањето  несвесно  или  свесно,  доведува  до
            традиционални  или  нови  конфликти  меѓу  одредени  групи
            или заедници. А тоа трае и трае...

            Лидерите на тие групи подучени и понесени од постапките
            на  своите  претходници,  не  се  во  можност  да  се  борат  за
            промени. Таков општествен однос наследен од традицијата
            ниту субјективно ниту објективно не се менува. Стравот од
            промени е голем. Денешната реалност се смета за вистина.
            Лидерите  на  разни  општествени  заедници  и  да  сакаат  да
            сменат  некои  општествени  односи  реално  не  можат  ниту
            смеат да помислат за такво нешто. Тие знаат дека тоа ќе
            биде крај на нивната кариера. Од тука, ако ставиме сè на



                                          56
   52   53   54   55   56   57   58   59   60   61   62