Page 61 - ПАТЕКА 2
P. 61
кои се тазе отворени или „избилдани“ за луѓето да
купуваат акции од нив. По собирање на парите компаниите
пропаѓаат и луѓето ги губат своите пари/обезвреднети
акции.
Берзите секојдневно ја губат смислата поради којашто се
создадени. Основниот темел на берзите е капиталот да го
вклучат во процесот на производство каде ќе се создава
нова вредност. Денес луѓето ја губат довербата во самиот
систем, кој е матен. Денешните берзи од страна на луѓето
се гледани како вид коцкарски организации. Има луѓе кои
ја изгубиле својата долгогодишна заштеда на берза
купувајќи акции од кои очекувале брз профит, измамени
или наведени од брокерите.
Тоа е правата вистина денес. Во светот денес нема
механизми кои ќе го штитат минатиот труд вложуван од
страна на луѓето и со тоа да овозможат да се задржи
правата вредност. Дадениот вложен труд во прва фаза се
изразува во пари. Парите ако се чуваат секојдневно ја
губат својата вредност затоа што секоја парична единица
во целиот свет секојдневно девалвира.
Затоа луѓето сакаат преку разните финансиски опции како
што се банкарски влогови, купување недвижности,
купување акции на берза, разни инвестициски или
осигурителни фондови, да ја заштитат вредноста на
вложениот минат труд од девалвација. Сите овие нешта,
кои просто кажано треба да бидат чувари на минатиот
труд, не се сигурни.
Незадоволството може да доведе и до депресија како одраз
на изгубената вредност на вложениот труд.
60