Page 56 - ПАТЕКА 2
P. 56
Секое попладне кога Санто се враќаше од училиште одеше
на полјанката во маало каде доаѓаа и нејзините другари.
Тука радоста беше голема, никогаш не беше досадно,
многубројните другари секојдневно измислуваа некои нови
игри и времето поминато на полјанката беше целосно
исполнето со смеа, натпревар, кавги, симпатии. Радост се
гледаше од сите детски очи.
Кога Санто наполни 12 години една вечер, кога сите беа
присутни дома, таткото ги викна во дневната соба да им
соопшти нова вест. Сите се собраа за да слушнат новата
вест. Радосен и среќен, тој кажа дека добиле иселеничка
виза за во Канада. Целата фамилија ја прифати веста со
воодушевеност. За месец дена се преселија во Торонто,
Онтарио, Канада.
Санто продолжи да оди во училиште, денес Санто е
мажена и живее добро. Секогаш кога оди на гости го
раскажува нејзиното детство кога ги поминала најубавите
денови од својот живот. Никогаш не ја заборавила
полјанката и среќните денови поминати таму.
Еден дел од животот може да те направи среќен и
задоволен, но зошто тој да не е постојан? Зошто магацинот
за среќа не го наполните цел? Колективната среќа ве влече
и вие да станете посреќни. Замислите дека една мала
полјанка може да се зголеми во целиот свет, да
направи луѓето да зрачат од задоволство секој ден.
Стравот од промени понекогаш е воден и од
традицијата. Традиција е сакано или несакано примање на
навиките од претходниците. Фамилиите имаат востановени
односи меѓу членовите од фамилијата. Помладите членови
55