Page 54 - ПАТЕКА 2
P. 54
Радоста ќе се зголемува затоа што ќе биде дел од
колективната радост. Љубовта ќе биде вистинска.
Мала дигресија, кога бев млад, на свои 22 години, имав
цитроен Ами 8, сите мои другари и пријатели имаа подобри
автомобили од мојот цитроен. За да привлечеш внимание
кај девојките еден од предусловите беше добриот
автомобил. Јас не сакав да го менувам затоа што ќе се
чувствував дека автомобилот е средство за придобивање
добра девојка. Мојата харизма беше многу поголема и
повредна од скапиот автомобил и затоа задоволството од
успехот ми беше поголемо. Се гордеев со тоа.
Пример 2
Кога го завршив факултетот за менаџмент во Сан
Франциско се вработив во една голема меѓународна
корпорација. Како приправник имав желба да
напредувам. Слободното време го поминував со
Анџелина, која ми беше девојка околу две години. Ја
запознав на факултетот. Анџелина имаше мали убави очи
што светеа како светилки, телото ѝ беше совршено. Здивот
на усните ме пленеше. Сексуалните искуства со неа не
можам да ги заборавам и денес.
Еден ден на работа се направи паника, сите се растрчаа да
се среди околината затоа што се најави посета на
сопственикот на компанијата. Сите вработени со голема
сконцентрираност му посветуваа внимание, му елаборираа,
се водеа долги состаноци. До газдата стоеше едно
симпатично девојче на коешто јас ѝ го привлеков
вниманието. Таа пријде и ме праша за моето име. По
краткиот разговор со неа открив дека е ќерка на мојот
53