Page 58 - ПАТЕКА 2
P. 58

маса  и  се  обидеме  да  го  анализираме  овој  голем
            општествен проблем што ќе се добие?

            -  Имаме  признание  и  одобрување  од  целиот  свет  дека
            војните се негативни општествени појави.

            - Имаме континуирани војни низ историјата до денес

            - Имаме голем број лидери кои не ги одобруваат војните

            -  Имаме  поединци  (многу  мал  број)  кои  профитираат  од
            ваквите конфликти

            - Имаме заедници кои другата страна би сакале да ја видат
            клекната на коленици.

            -  Имаме  традиционално  воспоставени  односи  кои  не
            можеме да ги смениме

            Во што е проблемот, сè е јасно како ден, но ништо не се
            менува. Дијалектичкиот  реализам  ми  дава  право  да
            кажам дека решението е во започнување на
            континуирано  зближување.  Нема  друг  пат,  само  со
            почнување  на  создавање  на  целината  ќе  се  реши  овој
            постојан општествен проблем. Зајакнување на целината ќе
            ги отфрли негативните појави во општеството.

            Пример 4

            Во  Чикаго  си  живееше  фамилијата  на  господинот  Џо.
            Неговата жена работеше како книговодител во една мала
            компанија. Џо беше инженер во една градежна компанија.
            Имаа  три  дечиња  кои  беа  добри  ученици.  Марија,
            најстарото дете, одеше во средно училиште.

                                          57
   53   54   55   56   57   58   59   60   61   62   63