Page 64 - ПАТЕКА 2
P. 64

Школскиот  систем  наликува  на  друштво  на  изгубени
            свемирци. Секоја земја си влече по свое, секоја си пласира
            своја  историја  што  најчесто  е  различна  од  историјата  на
            соседната земја. Професорските места се како имоти и се
            наследуваат  од  фамилијата  како  семеен  бизнис.  Никој  во
            суштина  не  го  контролира  квалитетот  на  кадрите  или
            учениците/студентите.  Некои  земји  се  исклучок  од  овие
            критики, но тоа се мал број земји во светот.

            Полнењето  на буџетите  на  сите  земји на  светот  наликува
            на мерки за земање рекет од нивните жители и компании.
            Буџетските  пари  се  трошат  за  плати  на  буџетарските
            работници  (мнозина  од  нив  се  партиски  војници),
            планирањето државни инвестиции се прави со „наместени“
            тендери  од  страна  на  државата  во  која  е  вклучен  и
            индивидуален личен интерес и заработка.

            Што поголеми даноци, поголеми плати за буџетарите. Сите
            се  задоволни,  сите  си  молчат  по  познатата  девиза  клати
            врата  -  земај  плата.  Идеално!  Но,  кој  и  колку  работи
            всушност,  колку  реално  се  произведува  и  придонесува?
            Општ хаос, сè е превртено надолу. Општествениот морал е
            на најниско ниво, никој не се интересира за оној доле...сè е
            во ред додека тој останува горе, од објективните околности
            местата  се  мешаат  и  депресијата  се  зголемува.  Луѓето
            немаат  сигурност  се  борат  да  ги  отфрлат  негативните
            појави, и ретко успеваат во тоа.

            Во светот има една група луѓе што финансиски контролира
            сè, таквата финансиска контрола неминовно е придружена
            од  политиката.  Овие  луѓе  се  прикриени,  многупати
            мистифицирани  и  разноименувани,  па  мислат  дека  се

                                          63
   59   60   61   62   63   64   65   66   67   68   69