Page 55 - ПАТЕКА 2
P. 55
газда. По неколку дена на мојата работна маса заѕвони
телефонот, се изненадив што ми се јави Џесика - ќерката
на мојот газда. Таа ме покани на вечера и јас ја прифатив.
По вечерата водевме љубов и тоа траеше неколку месеци.
По една година јас ѝ предложив брак, кој Џесика го
прифати веднаш. Така станав зет на мојот газда. За кратко
време станав главен менаџер на компанијата. Сексуалниот
однос со Џесика од ден на ден се намалуваше. По две
години нашиот сексуален однос беше загрозен. Со тешка
мака легнував во мојот кревет за да имам сексуален однос
со мојата сопруга. Морав претходно да се напијам вијагра,
а и притоа да ги затворам очите и во мислите во тој
момент ми се појавуваше мојата сакана Анџелина. Е.....?
Во иднина љубовта ќе се избистри, не мора да спиете со
недоволно сакана партнерка/партнер поради разни
глупави причини или интерес. Во иднина задоволството од
водење љубов ќе дојде на прво место.
Радоста ќе се зголемува и надополнува. Денес радоста
е сместена во еден голем магацин на две палети.
Просторот за радоста е многу поголем отколку што е
наполнет. Местото за радост е празно и треба да се
наполни.
Пример 3
Во Њу Делхи во 1983 година се роди едно девојче по име
Санто. Таа живееше со своето семејство кое беше просечно
за таа околина. Имаше три браќа и две сестри. Соседите
беа на исто економско и духовно ниво.
54