Page 62 - ПАТЕКА 2
P. 62

Ова е еден од големите проблеми на денешницата. Затоа
            во иднината мора да се пронајде начин овој проблем да се
            реши. Во иднина во светот мора да има само една парична
            единица  која ќе биде издавана  од  Светската  банка  и  која
            ќе  биде  контролирана  од  собранието  на  Обединетите
            нации.

            -  Коцкарниците  и  обложувалниците  во  ново  време
            создадоа цел  систем на измама. Со дел од големите
            профити се подмитуваат владите кои им даваат дозволи за
            работа.

            Системот  на  создавање  профит  од  ден  на  ден  го
            упропастува  спортот.  Дури  и  мало  дете  може  да  го  види
            овој голем општествен проблем, но никој не се осмелува да
            го  стави  на  маса  за  третирање.  Спортските  маици  на
            големите  спортски  екипи  се  полни  со  реклами  од
            најразлични обложувалници.

            Никој не го потегнува овој измамнички и брутален проблем
            на  денешницата.  Сè  се  прифаќа  нормално  и  никој  не  се
            буни.  Во  мојот  град  има  повеќе  дуќани  за  игри  на  среќа
            отколку  месарници.  Ниту  власта  ниту  опозицијата  или
            некоја  институција  не го  спомнале  овој  голем општествен
            проблем.  Молчењето  е  во  суштина  поддршка  на  лошите
            појави.


            -Банките  денес  се  најлегални  и  најпрофитабилни  бизниси
            во целиот свет. Порано се знаеше, за штедните влогови на
            граѓаните банките даваа 5, 6, 7 % камата на годишно ниво.
            Земените пари од луѓето банките ги пласираа како кредити
            на  компании  и  на  приватни  лица.  Од  нив  земаа
            9,10,11,12%  камати  на  годишно  ниво,  и  тоа  траеше  со
                                          61
   57   58   59   60   61   62   63   64   65   66   67