Page 63 - ПАТЕКА 2
P. 63

години.  Логиката  за  работа  на  банките  беше  релативно
            нормална.

            Што  се  случува  денес?  Каматата  на  штедните  влогови  на
            граѓаните  на  годишно  ниво  не  е  поголема  од  1%  ,  а  на
            пласираните пари од овие штедни влогови каматата остана
            иста  или  се  намали  минимално.  Банките  во  целиот  свет
            станаа лихварски компании, ги земаа во залог имотите на
            луѓето  дадени  под  хипотека.  И  што  добија?  Имотите  им
            стојат  на  залиха  и  ги  препродаваат  по  деноминирана
            вредност.  Ни  за  овој  проблем  никој  не  дигна  глас.  Сите
            влади и опозиции не го отворија ова прашање.

            Луѓето  се  ставени  на  невидлива  преса  која  континуирано
            ги  стиска  и  уништува  човековите  природни,  генетски
            чувства.

            Денес  еден  пријател  ми  рече  дека  првата  моја  книга  е
            доста  сурова,  тоа  сигурно  беше  сугестија  да  бидам  малку
            пософистициран      во   мојата    втора    книга.   Јас   не
            искоментирав  бидејќи  секој  има  право  на  сопствено
            мислење  или  видување  на  едно  дело,  но  во  мене  се
            потврди љубовта и волјата да ги изложам сите негативни
            општествени  односи  уште  посурово,  да  ги  разобличам  до
            срж за сите да разберат и увидат како ние денес живееме и
            како во иднина би требало да живееме.


            Државите  во  денешно  време  не  се  грижат  доволно  за
            своите  граѓани  и  како  што  поминува  времето  тоа  се
            продлабочува  и  тоне  во  еден  талог  од  кој  не  може  да  се
            излезе.




                                          62
   58   59   60   61   62   63   64   65   66   67   68