Page 60 - ПАТЕКА 2
P. 60

8



            Историјата  отсекогаш  памети  лоши  нешта,  насилие,
            измами,  убиства...сето  тоа  било  јасно  и  осудувано  речиси
            од целото општество. Меѓусебните односи на општеството
            и природата не биле блескави, но имале секогаш нагорна
            патека.  Од  ден  на  ден  се  подобрувале  односите  и  меѓу
            луѓето и однесувањето  на  луѓето  кон  природата.  Развојот
            бил  очигледен.  Развивањето  на  општествените  односи
            најчесто  настанувало  поттикнато  од  претходни  лоши
            случувања.


            Денес имаме општествени односи кои не се својствени на
            нивото  на  човековата  интелегенција  што  човештвото  ја
            поседува. Се инсталираа лоши и погрешни вредности, тие
            навлегоа  во  општеството  и  станаа  дел  од  секојдневниот
            живот.  Негативните  вредности  потајно  и  постепено  се
            вкоренија длабоко во секоја пора од општеството и некои
            од нив станаа дури и општествено признати.

            Луѓето    станаа    несигурни     и   неспокојни,     разните
            манипулации  се  чувствуваат  и  зрачат  насекаде.  Ваквите
            негативни  односи  мора  да  ги  третираме  со  цел  да  ги
            менуваме во позитивна насока. За да биде сето ова појасно
            ќе се обидам да бидам поконкретен со тоа што ќе наведам
            некои негативни појави кои денес постојат.

            -  Денес  берзите  во  светот  ја  губат  самата  основа  и
            причината  зошто  се  создадени.  Има  голем  број  компании

                                          59
   55   56   57   58   59   60   61   62   63   64   65