Page 53 - ПАТЕКА 2
P. 53
е законско. Живеам во добра куќа, соседите ми се на мое
ниво, сите сме задоволни. Навечер одам во добар
ресторан, ме служат како господин. Жената и децата, фала
му на Бога, ми се добри и ме сакаат зашто сум добар татко
и сопруг и можам да ги задоволувам нивните потреби.
Зошто би се менувал? Утре на мојата јахта доаѓаат
деловните пријатели, ќе им приредам добар ручек, скап
алкохол и добра забава.
Не размислувам дека утре сè може да се смени.
Утре изутрина имам состанок со главниот менаџер, кој
доаѓа во осум часот. Пристигам пола час порано и на
секретарката ѝ велам да биде сè на свое место. Смит
(главниот менаџер) доаѓа точно навреме, не зборува многу,
само ме известува дека ми дава отказ без образложение.
Кратко кажа, компанијата оди надолу и ресорот јас што го
водам се затвора.
Времето си тече, јас не можам да најдам работа слична на
старата. Немам пари да платам данок на имот затоа што
годишно изнесува 200,000.оо $ За неколку месеци ја губам
куќата, жена ми ме напушта затоа што си нашла маж од
нејзините сништа. Децата се распрскуваат по светот и ми
се јавуваат само на Божиќ и Велигден. Кога ја читам оваа
книга сè ми е јасно, но сега е доцна.
Стравот од промени не треба да постои. Ова не е
секојдневна промена, ова е општествена промена што
овозможува човекот стане вистински човек со човечки
вредности. Спокојството никогаш нема да биде нарушено,
тоа само ќе расте.
52