Page 99 - ЦЕЛИНА
P. 99

Потребата	за	создавање	на	целината	е	неопходен	иден	процес
            со	кој	ќе	се	добие	правилен	општествен	развој.	Многу	филозофи
            низ	 вековите	 барале	 решенија	 за	 откривање	 на	 вистината,	 ја
            искажувале	добрината	преку	моралните	вредности	и	се	залагале
            за	етички	начин	на	однесување	на	човекот.	Тие	го	барале	патот
            кон	човештината.

            На	бројните	патувања	низ	целиот	свет	секогаш	имав	почитување
            и	 респект	 кон	 целината.	 Го	 увидов	 основниот	 темел	 на
            просперитетот	за	изградба	на	една	хомогена	целина.	Секогаш	се
            чувствував	како	дел	од	светот.	Размислував	за	луѓето	кои	имаат
            потенцијал	 и	 енергија,	 ја	 гледав	 желбата	 на	 луѓето	 да	 живеат
            подобро,	поспокојно	и	посреќно.


            Читајќи	ги	старите	филозофски	мајстори	од	времето	на	античка
            Грција	 и	 Римската	 Империја,	 забележав	 некои	 размислувања
            слични	 или	 идентични	 со	 моите	 ставови.	 Многу	 од	 вековните
            мудрости	ќе	се	обидам	да	ги	сублимирам,	со	цел	да	се	одвои	и
            претстави	основната	порака	за	нашето	однесување	во	иднината.

            Грчкиот	филозоф	Диоген	од	Синопа	(413	-	323	год.	п.н.е)	уште	од
            тоа	време	имал	чувство	за	решавање	на	основниот	проблем	кој
            постои	и	денес.	Диоген	се	претставувал	со	познатата	реченица:

            „Јас	сум	граѓанин	на	целиот	свет!“

            Неговата	 слава	 како	 филозоф	 достигнала	 големи	 размери,	 така
            што	и	познати	личности	од	тоа	време	сакале	да	го	запознаат.	На
            пример,	Александар	Велики	по	доаѓањето	го	посетил	Диоген	во
            неговото	 дрвено	 буре	 на	 главниот	 плоштад	 во	 Коринт,	 откако
            претходно	ги	слушнал	интересните	приказни	за	него.	Александар
            го	затекнал	Диогена	како	спие.	Го	разбудил,	му	се	претставил	и	го
            прашал	 дали	 може	 нешто	 да	 стори	 за	 него.	 Диоген	 само
            одговорил	 дека	 би	 сакал	 да	 се	 потргне	 од	 пред	 него	 за	 да	 го
            грее	сонце.	    Восхитен	     од	     таа	     реакција	     и
            едноставност,	Александар	рекол:


                                          97
   94   95   96   97   98   99   100   101   102   103   104