Page 101 - ЦЕЛИНА
P. 101
Љубовта никогаш не е еднострана, љубовта постои само кога е
двострана. Позната е мислата на свети Јован Златоуст:
„Сакаш да бидеш сакан, сакај и ти“.
Тој ја даде пораката за љубовта уште многу одамна.
Диоген се обидувал да биде реформатор на моралот и да
воспостави нови норми на поведението, кои, според него, би
биле подобри и би претставувале вистинско однесување.
Целината со текот на времето исполнета со основните
предуслови ќе донесе вистински процут. Сите луѓе од целиот свет
ќе го почувствуваат напредокот во општеството. Идното
општествено планирање и подобра организација ќе донесат
промени во општествените односи.
Диоген често преку ден шетал со запалена ламба. Кога го
прашале зошто го прави тоа, тој велел:
„Го барам човекот!“
Да може Диоген да доживее реинкарнација, мислам дека би му
било криво зошто се чекало толку време за светот да стане убаво
место за живеење.
Сократ (470 - 399 п.н.е) методот на учење прво го применувал
самиот. Тој поставувал прашања на кој собеседникот одговарал,
но така вешто му ги поставувал прашањата што го принудувал
оној што на почетокот тврдел дека нешто знае да признае дека
не го знае тоа, инаку би се судрил со логичките закони. Тоа е оној
дел од методичката процедура која се вика иронија. Вториот дел
од постапката се состоел во тоа што собеседникот со прашањата
постепено, одејќи од блиското кон подалечното, доаѓал до
дефиниција на поимот за кој се спорело и со тоа се постигнувало
вистинско знаење. Овој дел од вештината се темелел на
изреката:
99

