Page 102 - ЦЕЛИНА
P. 102

„Познај	се	себеси“.

            Сократовиот	метод	на	учење	е	потребен	денес,	светот	мора	да
            дискутира	и	полемизира	за	да	ја	најде	вистинската	дефиниција,
            како	 би	 требало	 да	 живееме	 во	 иднина	 и	 дали	 денес	 се
            соочуваме	 со	 живот	 во	 кој	 нема	 логика.	 Сократовиот	 метод	 за
            откривање	 на	 вистината	 и	 примената	 на	 дијалектичкиот
            реализам	 се	 основа	 за	 пронаоѓање	 на	 вистината.	 Денешните
            демагошки	 елементи	 кои	 се	 провлекуваат	 во	 општествените
            односи	 мора	 да	 се	 откриваат	 и	 уништуваат	 точно	 со	 помош	 на
            Сократовиот	 метод.	 Не	 може	 да	 се	 негира	 создавање	 на
            целината,	која	ќе	донесе	подобри	општествени	односи	и	повисок
            општествен	 развој.	 Сократовиот	 метод	 во	 целината	 ќе	 ги
            распознае	сите	негативни	општествени	неправди.

            Човекот	треба	да	вложи	напор	и	труд,	да	се	жртвува	за	да	дојде
            до	 вистината.	 Тоа	 е	 она	 епохалното	 што	 Сократ	 го	 дал	 за
            филозофијата,	а	денес	треба	практично	да	се	примени	за	да	се
            оформи	целината.

            Несомнено	 дека	 секогаш	 се	 водела	 борба	 за	 откривање	 нова
            вистина	 и	 секогаш	 имало	 борба	 да	 се	 зачува	 старата	 вистина.
            Застарувањето	на	старата	вистина	ги	штити	интересите	на	луѓето
            кои	имаат	корист	од	старата	вистина.	Дијалектичкиот	реализам
            секогаш	ја	открива	вистината,	а	тоа	би	значело	дека	мора	да	е
            општествено	признаен,	секогаш	кога	ќе	се	открие	нова	вистина
            старата	вистина	мора	да	го	отстапи	местото	на	новата	вистина.

            Емпедокле	 е	 еден	 од	 најексклузивните	 мислители	 на	 сите
            времиња	 (роден	 на	 Сицилија	 во	 490	 год.	 п.н.е.).	 Бил	 успешен
            лекар,	воспоставил	нов	правец	во	медицината,	различен	од	оној
            на	дотогашните	лекари.	Тогашната	медицина	гледала	на	човекот
            како	суштество	за	себе,	додека	за	Емпедокле	човекот	бил	целина
            со	 природата,	 нејзин	 составен	 дел.	 Внатрешната	 врска	 помеѓу
            човекот	и	светот	е	базична	идеја	токму	на	Емпедокле.



                                          100
   97   98   99   100   101   102   103   104   105   106   107