Page 94 - ЦЕЛИНА
P. 94
Во иднина човекот ќе ја види ползата од целината.
Општествените односи во целината ќе дадат брзи резултати на
развој. Човекот во такви услови ќе почне со контролирање на
природата и општеството. Денешните климатски промени ќе ги
стави под своја контрола. Сонцето како извор за живеењето на
Земјата содржи огромна енергија што ќе се користи. Контролата
на климата на Земјата ќе биде пример како да се менуваат и
другите планети и нивните клими во сончевиот систем. Ваквиот
пристап ќе овозможи населување на други планети.
Во новата историја имаме разни здружувања, едно од многуте е
примерот на Европската Унија. Парцијалните решенија или
здружувања не се искрени, создавањето ваков сојуз е со
парцијални цели. Некои земји во тој сојуз стапија со егоистички
пресметани и затскриени намери, тие отворија големи пазари за
своите производи, направија систем за да имаат извоз без
царина на своите производи, замачкаа очи со правење фондови
за развој на државите од сојузот. Германија ги заштити своите
земјоделски производи со давање големи субвенции.
Неискреноста, од друга страна, се препознава со фактот што еден
германски учител во пензија има десет пати поголема пензија од
истиот таков учител од Бугарија или Романија. Разликата е
огромна и далеку од еднаква. Кога овие пензии ќе се изедначат?
Бугарија и Романија се во Унијата од 2007. Ваквите појави и
неискрени нешта ги препозна Англија, која ја напушта Европската
Унија.
Помина времето кога едно кралство, една држава се ширела за
да се зајакнува, сите ние мораме да ја увидиме и признаеме
целината како реалност за самите да зајакнеме. Кога тоа ќе го
објавиме и примиме како реалност, ќе почнеме да планираме и
воспоставуваме нови општествени односи на здрави темели врз
примена на дијалектичкиот реализам.
Индивидуалниот труд е различен и нееднаков. Квалитетот на
индивидуалниот труд зависи од едукацијата во оформувањето
92

