Page 104 - ЦЕЛИНА
P. 104

сето	 постоење	 го	 дели	 на	 два	 противставени	 пола,	 светот	 на
            доброто	 и	 светот	 на	 злото.	 Во	 едниот	 владеат	 силите	 на
            светлината,	а	во	вториот	е	царството	на	темнината.

            „Етиката	 треба	 да	 се	 постави	 во	 центарот	 на	 размислувањето“,
            вели	Заратустра.

            Доброто	 дава	 енергија	 за	 создавање	 и	 градење,	 а	 силите	 на
            злото	водат	кон	уривање	и	уништување.	Заратустра	ги	пофалува
            чесноста,	 вистинољубивоста,	 верноста,	 а	 ги	 осудува	 лагите,
            кражбите,	злосторствата	и	престапите.	Тој	го	повикува	човекот	да
            стане	 подобар,	 чист,	 справедлив,	 да	 се	 освести	 и	 да	 дејствува
            позитивно,	да	се	насочи	против	злото	и	да	вложи	напори	во	таа
            борба.	Тој	проповедува	дека	должност	на	човекот	е	да	одгледува
            добри	мисли,	да	кажува	добри	зборови	и	да	прави	добри	дела.
            Заратустра	ги	повикува	луѓето	да	бидат	добронамерни,	да	бидат
            умерени	во	посакувањата	и	страстите,	да	се	стремат	да	живеат
            во	мир	и	во	пријателство	со	сите,	да	им	помагаат	на	блиските.
            Заратустра	 заклучил	 дека	 најголемиот	 човеков	 дострел	 е	 да
            оствари	победа	на	доброто	во	себе,	во	своите	мисли,	зборови	и
            дела.	 Значи	 луѓето	 можат	 да	 бидат	 творци	 на	 својата	 среќа.
            Определбата	на	луѓето	за	добрина,	чесност	и	чистота	е	услов	да
            постигнат	успех	во	борбата	против	злото.

            Во	 светската	 законитост	 се	 вклучени	 праведноста,	 вистината	 и
            редот.	Нивна	спротивност	се	нередот,	лагата	и	несправедливоста.
            Заратустра	му	се	восхитува	на	доброто	и	се	прашува	како	да	го
            избегне	и	совлада	злото,	тој	сака	да	ги	награди	добродетелните
            и	 да	 ги	 казни	 лошите.	 Заратустра	 се	 срди	 на	 негативните
            практики,	особено	на	лошите	постапки	на	духовните	водачи	и	на
            светските	владетели.

            Укажува	 какви	 треба	 да	 бидат	 правилните	 постапки	 на	 секој
            човек	за	животот	да	биде	добар	за	друга	личност	и	за	сите	луѓе.
            Мудроста	 на	 Заратустра	 е	 слична	 на	 онаа	 што	 подоцна	 се
            нарекува	 филозофија,	 насоченост	 на	 умот	 кон	 сознавање	 на
            вистината,	на	законитостите	и	на	доброто	однесување.
                                          102
   99   100   101   102   103   104   105   106   107   108   109