Page 98 - ЦЕЛИНА
P. 98

Големите	идеи	и	големите	вредности	во	историјата	никогаш	не
            се	 забораваат.	 Големите	 луѓе	 се	 вечни,	 сè	 што	 е	 без	 корен	 и
            суштина	се	заборава.

            Александар	Велики	се	борел	да	создаде	една	целина,	еден	свет,
            Исус	 се	 жртвувал	 за	 да	 го	 подобри	 човештвото,	 Мајка	 Тереза
            животот	 го	 посветила	 да	 му	 помогне	 на	 човекот,	 Марија
            Склодовска–Кири,  големиот	 научник	 во	 областа	 на	 хемијата,
            правела	откритија	што	ќе	му	бидат	од	корист	на	човештвото.	И
            многу	други	луѓе	од	целиот	свет	биле	несебични,	твореле	и	биле
            човекољупци.	И	многу	други	луѓе	сиот	свој	живот	го	посветиле	на
            работа	за	доброто	на	луѓето	и	оставиле	белег	како	големи	луѓе.
            Да	не	ги	заборавиме	големите	мудреци	низ	историјата.


            Изјавата	 на	 еден	 од	 (релативно)	 најбогатите	 луѓе	 на
            денешницава	гласеше	вака:	„Овој	систем	не	е	добар	и	треба	да
            се	оди	кон	социјалистичко	уредување“.	Овој	човек,	кој	буквално
            може	 да	 купи	 држави	 со	 своите	 пари,	 прогледал,	 во	 него	 се
            јавила	 совеста	 за	 човекољубие.	 Тој	 ја	 нагласува	 потребата	 од
            менување	 на	 општествените	 односи	 без	 разлика	 што	 за
            иднината	споменува	изминат	нефункционален	систем	.
            Еднаквата	 едукација	 ќе	 доведе	 луѓето	 да	 ги	 распознаваат
            вистинските	вредности.	Демагогијата	која	владее	денес	и	која	е
            изразена	во	денешната	демократија,	во	иднина	ќе	се	распознава
            и	 ќе	 се	 отфрла.	 Денешните	 демагози	 нема	 да	 сакаат	 да	 бидат
            демагози	 во	 здрава	 околина,	 затоа	 што	 тие	 се	 демагози	 од
            причина	што	денешните	општествените	односи	се	на	ниско	ниво
            и	овозможуваат	луѓето	да	се	однесуваат	лошо	и	кон	самите	себе
            и	 кон	 другите	 за	 придобивки.	 Организиран	 систем	 во	 една
            целина	 тешко	 може	 да	 впие	 негативни	 елементи,	 од	 причини
            што	мора	да	биде	општествено	признаен.
            Демократската	 демагогија	 која	 владее	 денес	 ќе	 биде	 отфрлена
            во	 иднина	 од	 причина	 што	 целината	 ќе	 оформи	 платформа	 на
            која	нема	да	има	услови	таа	да	вирее	и	да	егзистира.


                                          96
   93   94   95   96   97   98   99   100   101   102   103