Page 100 - ЦЕЛИНА
P. 100

„Да	 не	 сум	 Александар	 Велики,	 би	 сакал	 да	 бидам	 Диоген	 од
            Синопа“.


            Александар	 останал	 запаметен	 како	 еден	 од	 најголемите
            освојувачи	 во	 историјата	 на	 човештвото	 и	 непобедлив	 воин,
            творец	на	новиот	свет.	Тој	сакал	да	создаде	една	целина.

            Денешниот	 систем	 и	 општествените	 односи	 треба	 да	 ги
            менуваме	 за	 да	 добиеме	 подобрување	 и	 непречен	 развој	 на
            општеството.

            Луѓето	од	целиот	свет	имаат	потреба	од	систем	што	ќе	овозможи
            прогрес	 и	 општо	 задоволство.	 Дијалектичкиот	 реализам	 како
            основен	столб	на	идното	реално	демократско	општество	мора	да
            се	почитува	и	да	стане	општествено	признаен.	Создавање	ваков
            систем	 на	 општествени	 односи	 ќе	 донесе	 широка	 општествена
            благосостојба,	која	ќе	овозможи	повисок	развој	и	ширење	спокој.
            Разбирањето	на	суштината	на	светот	ни	дава	можност	правилно
            да	 дејствуваме	 и	 волја	 да	 го	 препознаваме	 доброто	 и	 да	 се
            бориме	за	него.
            Разумот	на	човекот	го	распознава	доброто,	сите	морални	начела
            и	норми	ја	зголемуваат	вербата	на	човекот	и	му	даваат	волја	за
            напредок.	 Светот	 може	 да	 биде	 спасен	 само	 од	 создадена
            целина.

            За	Диоген	било	добро	сè	што	е	природно,	а	го	осудувал	она	што
            го	сметал	за	неприродно,	изместено,	извештачено.	Љубовта	во
            иднина	 ќе	 се	 издигне	 на	 повисоко	 ниво,	 во	 кое	 ќе	 исчезнат
            денешните	 односи	 кои	 владеат	 во	 љубовта.	 Традицијата
            родителите	да	ги	мажат	или	женат	своите	деца	ќе	биде	смешна,
            тоа	 и	 денес	 е	 смешно	 за	 некои	 поразвиени	 земји	 и	 култури.
            Љубовта	 од	 интерес	 нема	 да	 има	 корени	 за	 понатамошна
            егзистенција.	 Љубовната	 приказна	 за	 Ромео	 и	 Јулија,	 која	 ја
            опиша	големиот	Шекспир,	во	иднина	нема	да	има	трагичен	крај.



                                          98
   95   96   97   98   99   100   101   102   103   104   105