Page 95 - ЦЕЛИНА
P. 95

на	индивидуумот.	Развитокот	на	индивидуалниот	труд	зависи	од
            околината	во	која	се	развива.	Ова	се	два	најважни	елементи	кои
            влијаат	на	висината	на	квалитетот	на	индивидуалниот	труд.	Затоа
            единствениот	 образовен	 систем	 ќе	 ги	 приближи	 нееднаквите
            индивидуални	 способности.	 Развитокот	 во	 неразвиените	 земји
            ќе	 се	 зголемува	 со	 добра	 општествена	 организираност	 и
            едукација	 во	 сите	 општествени	 односи.	 Природно	 е	 да	 се
            развиваат	 неразвиените	 географски	 подрачја	 во	 целината.
            Изедначувањето	 на	 економската	 развиеност	 во	 светот	 е
            неминовна.	 Човекот	 е	 заведен	 и	 излажан	 со	 проста	 демагогија
            дека	ако	некоја	земја	денес	е	развиена,	таа	во	целината	ќе	има
            лош	економскиот	развој.	Ова	се	лаги.

            Пример:

            А.	земја	која	има	општествен	производ	по	глава	на	жител	50.000.
            долари

            Б.	земја	која	има	општествен	производ	по	глава	на	жител	2.500.
            долари
            Светското	собрание	добива	2%	од	данокот	на	додадена	вредност
            од	 секој	 продаден	 производ	 во	 светот.	 Да	 претпоставиме	 дека
            тоа	 е	 сумата	 Х	 билиони	 долари.	 Се	 вложува	 во	 земјата	 Б,	 во
            изградба	 на	 училишта,	 станбени	 површини,	 се	 даваат	 кредити
            преку	 светската	 банка	 за	 индустриски	 развој,	 за	 туристички
            развој	 итн.	 По	 10	 години	 земјата	 Б	 остварува	 општествен
            производ	по	глава	на	жител	од	15.000.	долари.

            Земјата	А	која	имала	извоз	на	своите	производи	во	земјата	Б	од
            100	милиони	долари,	по	десет	години	ќе	има	извоз	во	земјата	Б
            шест	пати	повеќе	или	600	милиони	долари.	Значи,	земјата	А	ќе
            има	поголем	раст	на	општествениот	производ.	Оваа	математика
            е	претпоставка	и	апстракција,	но	во	суштината	никој	не	губи	ако
            целината	 оди	 во	 нагорна	 линија	 во	 секој	 поглед.	 Луѓето	 во
            сиромашните	 земји	 се	 во	 стагнација,	 ниту	 произведуваат	 ниту
            трошат	 (од	 таквите	 земји	 луѓето	 се	 борат	 на	 сите	 начини	 да

                                          93
   90   91   92   93   94   95   96   97   98   99   100