Page 96 - ЦЕЛИНА
P. 96

емигрираат	 во	 развиените	 земји).	 Кој	 има	 корист	 ако	 трошат
            повеќе,	а	кој	има	штета	ако	не	трошат	и	се	дел	од	ништо.	Тие	се
            дел	од	целината,	а	во	суштина	не	постојат	на	економскиот	пазар.

            Општественото	планирање	ќе	го	елиминира	и	денешниот	голем
            проблем	на	хиперпродукцијата.	Општественото	планирање	ќе	го
            стави	 вишокот	 на	 работната	 сила	 во	 функција	 на	 општествено
            добро.	 Пронаоѓање	 начин	 да	 се	 населат	 другите	 планети	 е
            природна	обврска	за	развој	на	човекот.	Нашата	енергија	треба	да
            ја	 насочиме	 кон	 поголеми	 цели.	 Наша	 цел	 и	 обврска	 е	 да
            постигнеме	 повисок	 општествен	 развој,	 со	 кој	 ќе	 се	 променат
            општествените	потреби.

            Наследството	што	секој	човек	го	добива	од	своите	родители	или
            фамилијата	 е	 прашање	 кое	 е	 секогаш	 горчлив	 проблем	 во
            филозофијата.	 Старите	 утописти	 ова	 прашање	 го	 дефинирале	 и
            тоа	 е	 една	 од	 причините	 што	 го	 добиле	 името	 утописти,	 што
            значи	 невозможно	 и	 нереално.	 Овие	 филозофи	 биле	 многу
            блиски	до	социјалистичко-комунистичките	идеологии,	кои	не	се
            прифатливи	од	познати	причини.	Денес	и	во	иднина	луѓето	ќе	ја
            увидат	 вистината	 и	 желбата	 за	 материјалните	 добра	 ќе	 се
            намалува.	За	да	се	разбере	ова	подобро,	мора	да	се	објасни	со
            други	 зборови.	 Еве	 еден	 пример	 кој	 ќе	 ги	 објасни	 денешните
            општествени	односи,	кои	се	застарени	и	ќе	мора	да	ги	менуваме.
            Да	претпоставиме	дека	науката	во	иднина	ќе	пронајде	начин	да
            ја	 прилагоди	 планетата	 Х	 да	 има	 исти	 климатски	 услови	 како
            нашата	планета.	Целиот	свет	ќе	работи	на	тој	проект.	Сите	луѓе	се
            заинтересирани	и	ангажирани	на	тој	проект	и	тоа	е	основна	цел
            и	 предизвик	 на	 општеството.	 Дали	 во	 таков	 период	 некој
            нормален	 човек	 ќе	 може	 да	 размислува	 за	 наследство?
            Планетата	 Х	 е	 многу	 пати	 поголема	 од	 нашата	 планета	 и	 да
            претпоставиме	 дека	 има	 100.000	 пати	 повеќе	 злато,	 железо	 и
            други	природни	богатства	отколку	нашата	планета	Земја.	Кој	би
            бил	заинтересиран	за	некое	наследство	кое	во	суштина	е	многу
            помало	и	безвредно?	Во	иднина	наследството	ќе	биде	категорија
            со	 малечка	 вредност,	 човекот	 нема	 да	 биде	 заинтересиран	 за

                                          94
   91   92   93   94   95   96   97   98   99   100   101