Page 103 - ЦЕЛИНА
P. 103

Поврзаноста	на	човекот	и	природата	ја	создава	целината	која
            е	 неделива.	 Не	 може	 моралот	 и	 етиката	 да	 важат	 само	 за
            сопствената	 земја.	 Не	 може	 да	 бидеме	 со	 висок	 морал	 кон
            својата	земја,	а	да	не	нè	интересираат	другите	луѓе	во	светот.

            Народот	на	Емпедокле	му	понудил	кралска	положба,	но	тој	тоа	го
            отфрлил,	затоа	што	бил	против	автократијата	и	имал	чувство	на
            општа	 еднаквост	 и	 поврзаност,	 како	 спрема	 природните	 сили,
            така	и	спрема	луѓето.

            Големиот	 мислител	 и	 филозоф	 ја	 согледал	 вистината	 и	 во	 тоа
            далечно	минато:

            „Во	 животот	 нештата	 не	 се	 добри	 кога	 владее	 омразата,	 но
            животот	тече	добро	кога	граѓаните	се	сложни	и	имаат	разбирање
            и	 позитивна	 енергија	 меѓу	 себе,	 тогаш	 се	 создава	 и	 се	 гради,
            светот	и	животот	одат	напред“.

            Емпедокле	бил	инспириран	од	реалноста	на	животот,	тој	сметал
            дека	две	сили	ги	условуваат	општествените	односи,	добрината	и
            злобата.	 Денес	 светот	 е	 способен	 да	 осознае	 и	 да	 направи
            разлика	 помеѓу	 доброто	 и	 злото,	 да	 се	 почне	 со	 негирање	 и
            отфрлање	на	злото	мора	да	се	менува	целокупниот	општествен
            систем	кој	владее	денес.	Создавањето	на	целината	ќе	биде	лек
            за	 уништување	 на	 злото.	 Емпедокле	 зборува	 за	 сеопшта
            поврзаност	на	нештата,	за	единство	на	светот	и	човекот,	кој	треба
            да	се	развива	и	одгледува	и	неговите	сознанија	постојано	да	се
            прошируваат.

            Пред	 илјадници	 години	 имало	 луѓе	 кои	 го	 увиделе	 развојот	 на
            цивилизацијата	и	патот	кон	вистината.

            Денес,	по	толку	години,	имаме	притисок	од	некаков	систем	кој
            ни	предизвикува	неспокојство.

            Заратустра	(роден	во	630	година	п.н.е.)	ги	воздигнува	основните
            начела	 на	 етиката	 до	 животни	 и	 светски	 принципи.	 Заратустра


                                          101
   98   99   100   101   102   103   104   105   106   107   108