Page 97 - ЦЕЛИНА
P. 97

наследство.

            Наследството	е	релативна	форма	која	се	менувала	во	историјата.
            Во	денешно	време	100	камили	имаат	мала	вредност	затоа	што
            превозот	е	заменет	со	други	превозни	средства.

            Горниот	пример	ги	негира	сите	кои	велат	дека	планетата	Земја	е
            пренаселена.	На	планетава	Земја	живеат	околу	8	милијарди,	да
            сме	180	милијарди	пак	би	биле	малку	за	ваков	голем	проект	во
            кој	треба	да	населиме	планета	многу	поголема	од	нашава.

            Материјалното	 богатство	 во	 суштина	 застарува,	 во	 иднина
            наследството	нема	да	разбудува	интерес,	а	со	тоа	и	ќе	исчезне.
            Нашиве	 денешни	 владетели	 кои	 владеат	 со	 светот	 треба	 да	 се
            замислат	за	злоделата	што	ги	прават.	Тие	треба	да	се	промотори
            за	развојот	на	светот,	а	самите	постојано	трошат	енергија	за	да
            направат	интрига,	војна	во	која	ќе	загинат	илјадници	невини	луѓе,
            со	цел	да	остварат	профити.

            Каков	примитивизам	имаме	денес?!

            Денес	наша	должност	е	да	го	менуваме	и	развиваме	човештвото,
            да	бидеме	морално	општество	со	вистински	цели.
            Денес	имаме	деформација	во	менталниот	склоп	за	проценување
            на	вредностите.	Луѓето	денес	се	борат	за	повисок	статус.	Денес	е
            важно	 да	 си	 другар	 со	 некој	 побогат	 од	 тебе	 и	 да	 пиеш	 добро
            вино	 во	 некој	 елитен	 ресторан	 за	 да	 те	 видат	 другите	 и	 да	 ти
            завидуваат.	Ова	е	простотилак,	среќата	и	спокојството	се	во	втор
            план.	Секој	си	поставува	цел	да	е	славен	и	тоа	го	гледа	како	врв
            на	живеењето.

            Лоши	 луѓе	 другаруваат	 меѓу	 себе,	 се	 буткаат	 кој	 да	 застане	 на
            врвот,	не	гледаат	дека	тој	врв	е	многу	мал	и	до	него	има	голема
            планина	со	бујна	вегетација.




                                          95
   92   93   94   95   96   97   98   99   100   101   102