Page 93 - ЦЕЛИНА
P. 93

Да	претпоставиме	дека	континентите	се	засебни	целини.	Во	тој
            случај	 нема	 да	 смее	 никој	 од	 Европа	 да	 оди	 во	 Африка,	 или
            обратно.	Ова	е	невозможно,	нелогично.	Целината	не	смее	да	се
            негира.	Кога	се	создала	планетава	Земја	немало	граници,	тие	се
            изградиле	 поради	 разни	 интереси,	 затоа	 границите	 мора	 да
            исчезнат.

            Човекот	во	иднината	ќе	ги	контролира	природата	и	општеството,
            ќе	ги	усогласува	и	подобрува	разликите,	со	што	целината	ќе	биде
            задоволна	и	спокојна.
            Човекот	 го	 поминува	 животот	 најмногу	 во	 својот	 дом,	 затоа
            домот	 го	 суредува	 според	 своите	 желби.	 Распоредот	 на
            телевизорот,	 местото	 на	 креветот	 во	 спалната	 и	 на	 другите
            материјални	 добра	 значи	 дека	 човекот	 има	 слобода	 во	 својот
            дом.	 Кога	 ќе	 го	 среди	 домот,	 човекот	 се	 грижи	 да	 ја	 среди
            околината	на	својот	дом,	која	ја	дели	со	соседите,	потоа	се	грижи
            за	својот	град,	кој	треба	да	биде	подобро	место	за	живеење,	и
            конечно	се	грижи	за	својата	држава.	Но,	треба	да	настојува	да	ја
            обликува	и	целината.

            Луѓето	 имаат	 потреба	 од	 подобрување	 на	 целината,	 прифаќаат
            разни	 иницијативи,	 но	 тие	 се	 млаки	 и	 недоволни.	 Разделената
            целина	 не	 може	 да	 делува	 и	 да	 се	 постигне	 општата	 корист.
            Целината	 создава	 општа	 корист,	 со	 која	 се	 зголемува
            индивидуалната	 корист	 и	 се	 создава	 доверба,	 односно	 се
            изедначува	целината.

            Човекот	 има	 малечко	 влијание	 врз	 општествените	 односи	 во
            светот.	Светските	организации,	кои	имаат	претставници	од	сите
            земји	 на	 светот,	 не	 можат	 да	 влијаат	 врз	 подобрување	 на
            општествените	 односи	 поради	 различните	 интереси	 и	 цели	 на
            своите	земји.	Човекот	мора	да	е	мудар	и	да	ја	види	користа	од
            вистинско	 здружување	 на	 светот	 и	 да	 почне	 со	 признавање	 на
            целината.



                                          91
   88   89   90   91   92   93   94   95   96   97   98