Page 92 - ЦЕЛИНА
P. 92
Демагог е личност која користи ораторски вештини, со кои ја
воодушевува публиката, предизвикува омраза, сладострастие и
параноја.
Кога сето ова ќе го сублимираме и споредиме со денешната
реалност ќе увидиме дека демагогијата владеела од многу
одамна. Демагогијата денес е искористена и експлоатирана со
цел да се наметне власт за лични цели и лични интереси.
Демагогијата како најголемата пречка за општествениот развој
мора да ја уништиме. Најголемиот лек за да се уништи
демагогијата е демократскиот дијалектички реализам, користен
и применуван во целината.
На демократијата мора да ѝ ја вратиме самата смисла на зборот.
Дијалектичкиот реализам е столб кој ќе ја држи демократијата и
нема да допушти да навлезе демагогијата што ќе ја нагризува.
Најголемата полза од демократија е мнозинството луѓе
задоволни од целината. Задоволни луѓе од една држава
суштествено е зло, додека задоволно мнозинство од целината е
добродетел. Причината за ваквото сознание лежи во интересот,
единствениот интерес дава развој и прогрес, додека поделениот
интерес или многу различни интереси создаваат конфликти и
големи неправди.
Ние навлегуваме во период во кој мораме општествените
односи да ги издигнеме на сосем поинакво ниво. Мораме
целината да ја оформиме и во неа да ја искористиме
демократијата за менување на денешните општествени односи.
Таков пристап ќе донесе поголем колективен спокој, кој ќе ги
подобри севкупните општествени односи.
Миењето тава по добра вечера не може да се направи делумно.
Не е можно да се измие четврт од тавата, а другите три
четвртини да ги измиеме утре. Целина е целина, таа не може да
се дели.
90

