Page 91 - ЦЕЛИНА
P. 91

Адам	 и	 Ева	 се	 наши	 предци,	 заклучокот	 е	 јасен,	 сите	 луѓе	 во
            светот	имаат	исто	крвно	сродство.	Сето	ова,	кога	филозофски	се
            третира,	 нè	 носи	 до	 заклучок	 дека	 патриот	 би	 требало	 да
            претставува	човек	кој	треба	да	ги	љуби	сите	луѓе	на	целиот	свет.
            Татковина	 е	 целата	 планета	 Земја	 или	 целината,	 а	 не	 само
            делови	од	целината.

            Држави	 се	 множина	 од	 една	 целина.	 Тоа	 е	 природно	 и
            дијалектичко	својство,	кое	треба	да	се	сфати,	признае	и	соопшти
            како	вистина	и	објективна	реалност.
            Организираноста	во	општествените	односи	во	целината	ќе	почне
            да	ги	детектира	или	открива	сите	негативни	нешта	кои	полека,	но
            сигурно	ќе	бидат	отфрлени.

            Поделеноста	на	целината	го	вознемирува	човекот.	Поделеноста
            на	целината	создава	интереси	кои	се	во	постојана	конфронтација
            помеѓу	 себе.	 Судирот	 на	 различни	 интереси	 создава	 војни	 и
            злосторства.

            Денешната	 релативизираност	 на	 поделената	 целина	 ги	 создава
            сите	зла	и	не	овозможува	развиток	на	општеството.	Суштината	на
            разделената	 целина	 е	 индивидуалната	 корист,	 која	 нема
            вистинска	 вредност.	 Индивидуалната	 корист	 е	 дел	 од	 општата
            корист.	Нарушување	на	природата	и	логиката	на	овие	две	нешта
            доведува	до	незадоволство	и	до	создавање	зло	кое	ги	повредува
            луѓето.

            Аристотел	 демагогијата	 ја	 смета	 како	 облик	 на	 воспоставување
            на	демократија	по	која	доаѓа	тиранијата	од	страна	на	групи	или
            поединци.	 Тој	 вели	 дека	 демагозите	 се	 потпираат	 врз	 масата,
            која	ја	третираат	како	незрела,	на	која	ѝ	ветуваат	дека	нивните
            жалби	ќе	се	исполнат,	само	со	намера	да	дојдат	на	власт.	Според
            него,	 демагогијата	 е	 практика	 со	 која	 власта	 ги	 оддалечува
            граѓаните	од	вистината	и	ги	доближува	до	небитни	нешта	и	им
            ветува	нешта	кои	не	може	да	се	остварат.


                                          89
   86   87   88   89   90   91   92   93   94   95   96