Page 204 - ЦЕЛИНА
P. 204

различни	 страни	 и	 со	 приказ	 на	 болните	 цели	 кои	 им	 се
            наметнуваат	 на	 луѓето.	 За	 Гичевски	 тоа	 е	 негрижата	 на
            општеството	за	среќата	на	луѓето,	кои	се	жртва	на	демагогијата,
            која	 сестрано	 манипулира	 со	 луѓето,	 а	 во	 свеста	 им	 всадува
            непријатни	 идеи	 за	 постигнување	 лажни	 цели.	 Залудени	 по
            богатства	и	во	натпревар	за	празнотии,	како	имот,	слава,	залудни
            почести,	 луѓето	 не	 гледаат	 дека	 тие	 занеси	 ги	 водат	 во
            неспокојство.	А	особена	несреќа	е	стремежот	на	секоја	држава
            да	им	наметнува	на	своите	сограѓани	илузии	за	некакви	права	да
            им	одзема	на	другите	народи	и	држави	нивни	блага,	па	војната
            ја	практикува	како	најважна	состојбата	на	земјата,	иако	со	тоа	се
            уништуваат	и	туѓите	и	своите	сили	и	имоти.

            „Патека“	 ги	 упатува	 луѓето	 во	 разбирање	 на	 лошите	 страни	 на
            современото	живеење	и	им	препорачува	ВИСТИНСКИ	ПАТ,	свест
            за	 човештината,	 надминување	 на	 социјалните	 лаги	 и	 на
            демагошките	манипулации	–	и	освојување	на	среќата	и	спокојот,
            како	највредни	човечки	заложби	и	доказ	за	усвоената	достојна
            иднина.

            Во	 напорот	 да	 ги	 објасни	 своите	 погледи	 и	 да	 ги	 поткрепи
            општите	страни	на	човечкото	барање,	Тони	Гичевски	ја	објави	и
            втората	 книгата	 „ПАТЕКИ“	 (2015).	 И	 овдека	 може	 да	 ги
            препознаеме	врвните	просветителски	идеи,	со	кои	мислителите
            од	 Ренесансата	 до	 нашата	 атомската	 епоха	 сесредно	 го
            насочуваа	 човекот	 кон	 добри	 дела,	 кон	 љубов	 за	 себе	 и	 за
            ближните.	Објаснувајќи	ги	погрешните	ориентации	на	човекот	во
            моралот,	сознанијата,	верувањето,	тоа	беше	силна	борба	против
            големите	 заблуди	 на	 луѓето	 во	 однесувањето	 спрема	 другите
            суштества.	 Таква	 просветителска	 енергија	 вложува	 авторот	 во
            својата	 друга	 книга	 на	 барањето	 на	 ВИСТИНСКИОТ	 ПАТ	 на
            современите	луѓе.

            Гичевски	во	втората	книга	уште	понагласено	ги	објаснува	своите
            мисли	 за	 доброто	 на	 луѓето,	 кои	 треба	 да	 си	 најдат	 излез	 од
            своите	страдања,	кои	во	денешната	епоха	уште	се	зголемуваат	со


                                          202
   199   200   201   202   203   204   205   206   207   208   209