Page 205 - ЦЕЛИНА
P. 205

јачината	на	технолошкиот	развој.	Најважното,	според	авторот,	е
            човекот	да	се	разбуди,	да	ја	развие	својата	сила	на	разбирањето
            –	 свеста,	 да	 не	 дозволува	 манипулации	 од	 ужасната	 снага	 на
            демагогијата	и	да	го	пресврти	своето	однесување	и	насоки	кон
            човештината,	 која	 нема	 да	 ги	 повредува	 другите,	 туку	 ќе	 им
            прави	 добро,	 како	 најпрефинета	 страна	 на	 човечката
            егзистенција.	„Во	иднина	ниедна	влада	не	смее	да	носи	одлуки
            за	 војна“.	 Етиката	 е	 наука	 и	 вештина	 на	 човекот	 да	 најде
            правилни	 ставови	 и	 да	 дејствува	 хумано.	 Уште	 поакцентирано
            авторот	 учи	 за	 нужноста	 на	 единството	 на	 човештвото	 како
            ЦЕЛИНА,	 во	 која	 луѓето	 ќе	 си	 ги	 препознаат	 своите	 вистински
            цели	 и	 Земјата	 ќе	 ја	 претворат	 во	 своја	 блажена	 универзална
            татковина,	неподелена	на	држави	кои	ќе	се	мразат	и	ќе	војуваат.
            За	 таквата	 обединета	 целина	 Гичевски	 ги	 образложува	 своите
            поставки	и	визии,	кои	на	човекот	можат	да	му	обезбедат	среќа	и
            спокој.	 За	 обединетите	 организации	 на	 луѓето,	 како	 што	 беше
            обичај	на	големите	мислители	да	се	изјаснуваат	непосредно	по
            создавањето	 на	 ООН,	 и	 Гичевски	 дава	 свои	 предлози	 за	 нивно
            усовршување	 и	 автентични	 решенија	 за	 нивните	 општи
            дејствувања	и	кадровски	капацитети.

            Не	 е	 едноставно	 да	 се	 претстават	 богатите	 ставовите	 на	 Тони
            Гичевски	 во	 неговата	 филозофска	 активност	 на	 разобличување
            на	илузиите	на	луѓето	и	на	барањето	вистински	пат	по	кој	луѓето
            треба	 да	 најдат	 разрешување	 на	 своите	 вистински	 тешки
            проблеми.	 Не	 станува	 збор	 само	 за	 избор	 на	 прашања	 за	 кои
            луѓето	 треба	 да	 водат	 сметка	 и	 да	 побараат	 помош	 за	 своите
            маки.	Гичевски	настапува	како	вистински	ХУМАНИСТ	со	целината
            на	 својата	 позиција	 и	 визии.	 Третата	 книга	 во	 оваа	 серија
            автентични	 дела	 е	 насловена	 „ЦЕЛИНА“	 (2017)	 со	 поднаслов
            „Филозофија	 за	 градењето	 единствена	 Целина	 на	 човечката
            егзистенција“.	 Според	 обемот,	 оваа	 капитална	 книга	 е	 тројно
            поголема	и	посодржајна	отколку	првите	две	дела	за	правилниот
            човечки	 пат.	 Кон	 текстот	 се	 приложени	 и	 неколку	 стотини
            ПОРАКИ-АФОРИЗМИ,	 животни	 и	 етички	 на	 авторот	 за
            обработуваните	прашања.

                                          203
   200   201   202   203   204   205   206   207   208   209   210