Page 209 - ЦЕЛИНА
P. 209

Сето	ова	е	етичка	наука	на	Гичевски.	И	теориски	и	практично	тој
            ја	претставува	својата	етика	како	базичен	квалитет	на	човечкото
            суштествување.	 Етиката	 не	 е	 само	 пренос	 на	 погледите	 од
            големите	филозофи	(кои	заземаат	доволно	место	во	оваа	голема
            книга),	 туку	 личен	 израз	 на	 искуството,	 личното	 познавање	 и
            определби	на	Гичевски.	Тој	го	смета	моралот	за	основен	човечки
            квалитет	 и	 искажува	 болка	 за	 неговото	 запоставување	 и
            избегнуваање.	 Моралот	 и	 етиката	 нормално	 ќе	 бидат	 творечки
            сили	на	човекот.	Тие	ќе	ја	разбудат	човековата	волја	и	енергија	за
            почитување	 и	 грижа	 за	 другите,	 за	 заедничко	 создавање	 и
            солидарност.	 А	 моралот	 и	 етиката	 ќе	 се	 развиваат	 според
            изворните	 човеччки	 потенцијали	 во	 Целината,	 која	 е	 човечка
            судбина.

            За	 ЦЕЛИНАТА	 авторот	 Тони	 Гичевски	 има	 направено	 духовна
            конструкција,	која	не	е	невообичаена,	туку	ги	изразува	неговите
            погледи	 и	 значи	 многу	 за	 човечката	 судбина.	 Целина	 е	 светот,
            онаа	 убава	 сина	 планета	 видена	 и	 снимена	 од	 космосот,	 за
            коешто	 велиме	 дека	 е	 нешто	 најубаво	 што	 сме	 го	 виделе	 и	 го
            имаме.	 Тоа	 што	 човекот	 не	 се	 застапува	 за	 поврзување	 со	 сите
            луѓе	 за	 да	 ја	 љубат	 планетава,	 тоа	 е	 најголемата	 критика	 и
            предизвик	за	Гичевски	во	овие	негови	дела.	Целината	е	збир	на
            сите	елементи	и	суштества,	на	материјалните	и	духовните	сили
            на	 Земјата.	 Визијата	 на	 Гичевски	 е	 дека	 човештвото	 полека,	 но
            сигурно	ќе	се	обединува	(не	само	како	израз	на	глобализацијата)
            во	своето	постоење	и	ќе	ги	напушти	ограничувањата	што	самото
            си	 ги	 наместува	 за	 да	 биде	 непријател	 со	 блиските	 народи	 и
            региони,	наместо	реално	и	интимно	да	се	поврзува.	Обединетата
            целина	ќе	биде	простор	на	сите	нации	и	на	сите	индивидууми,
            кои	 ќе	 уживаат	 во	 единството	 и	 братството,	 како	 што	 новите
            форми	    на	  слободите	   овозможуваат	    достоинство	   на
            егзистенцијата	и	самосвест	на	личноста.

            Целината	е	таа	видена	цел	на	човекот	и	на	целото	човештво,	кое
            ќе	значи	вистински	престој	на	човекот	на	Земјата,	а	ќе	ги	отвори
            и	патиштата	на	светот	не	само	на	нашата	планета,	туку,	како	што

                                          207
   204   205   206   207   208   209   210