Page 206 - ЦЕЛИНА
P. 206
Човекот е суштество на добри морални ставови и односи. Таа
претпоставка е основа за пронаоѓање среќа и спокојство.
Меѓутоа, истакнува Гичевски, човекот заталкал во својот живот,
не поддржувајќи ја љубовта за другите, туку стремејќи се
погрешно за придобивки кои нема да го усреќат, туку ќе го водат
кон сé подлабоки несреќи. Авторот децидирано истакнува дека
општеството е база за индивидуалните ставови и состојби, но
современото општество го насочува човекот кон негативни
видувања и несреќни посакувања, кои нема да му овозможат
спокоен престој на Земјата. Кај Гичевски наоѓаме и автентично
објаснување на еколошките страдања и на нужноста човештвото
со својата нова свест и во своите постапки да најде излез од тие
пропасти.
Оваа анализа на човечките грешки и заблуди е незаобиколива за
погледите на Гичевски, бидејќи тој настапува како хуманист и
просветител, а овие позиции и кај старите мајстори се базираа
врз човечките состојби и ориентации. Затоа кога ги читаме
книгите на Гичевски, особено интегралното дело за Целината, ги
доживуваме свежината и длабочината на мислите на
најзначајните мислители Да Винчи, Русо, Кант, Прудон, Спенсер,
Толстој, Ајнштајн, Карл Јасперс... Кај нив и кај уште многу
хуманисти кај луѓето кои ги опишуваат пулсираат мислите и
животот каков што би требало да биде, иако тешкотиите и
страдањата се речиси човекова судбина. Но Гичевски покажува
дека маките не се неминовен образец за човечкото живеење,
туку повеќе слика на човечките илузии и заблуди одошто
реалност од која нема излез.
Во книгата „Целина“ Гичевски ги разработува решенијата од
своето животно искуство, изложени во првите две книги „Патека“.
Тој тврди дека не е нужно луѓето да страдаат, освен како жртви
на демагогијата, како лоши учесници во општествените
натпревари во негативностите и како заблудени талкачи за
204

