Page 201 - ЦЕЛИНА
P. 201

повеќе	речиси	сите	поразвиени	земји	имаат	демократски	режим,
            но	 наместо	 солуции	 кои	 ќе	 произлегуваат	 од	 владеењето	 на
            народот,	 проблемите	 се	 зголемуваат,	 особено	 од	 демагошките
            опасности.	 Луѓето	 во	 сите	 земји	 не	 се	 слободни	 во	 вистинска
            смисла	на	зборот,	туку	ги	демнат	опасностите	од	владетелите	кои
            своите	народи	ги	третираат	како	предмет	на	свое	поседување	и
            заблудување.	 Личностите	 во	 развиените	 земји	 се	 учат,	 или
            веруваат,	дека	најважна	задача	им	е	да	им	расте	имотот	и	дека
            со	тоа	ќе	си	ги	обезбедат	посакуваната	среќа	и	спокојство.	А	во
            суштина	 се	 жртви	 на	 илузии.	 Никој	 не	 ужива	 вистинска
            стабилност.	Не	само	што	сопственоста	им	е	несигурна,	туку	неа	ја
            имаат	привремено	само	оние	кои	се	поврзани	со	оние	кои	во	тој
            момент	имаат	власт,	па	луѓето	се	согласувааат	да	бидат	објекти
            на	 демагогијата	 како	 духовен	 апарат	 за	 владеење	 со	 измами	 и
            потисок.	Потоа,	со	релативното	брзо	сменување	на	управителите
            се	 загубува	 имотната	 оправданост	 и	 секој	 се	 сретнува	 со
            несигурноста	 на	 својата	 положба	 како	 граѓанин	 и	 сопственик.
            Постојани	 пресврти	 и	 разни	 нестабилносте	 се	 логика	 на	 таков
            систем	на	современите	разнишани	човечки	ситуации.

            Несреќата	го	демне	секој	човек	како	жртва	на	демагогијата,	која
            во	битието	ја	загрозува	демократијата	и	секоја	личност.	Личните
            цели	на	демагозите	ги	водат	луѓето	кон	несигурност	и	постојана
            закана	 од	 судири	 со	 соседните	 држави,	 како	 предмет	 на
            алчноста	 на	 силниците	 кои	 не	 водат	 сметка	 за	 никого	 освен	 за
            себе	си	и	своите	интереси.	Нема	пауза	во	конфликтните	немири,
            во	 земјите	 и	 во	 нивното	 опкружување.	 Наместо	 почитување	 и
            соработка,	 водење	 сметка	 за	 другите	 и	 за	 помагање	 како
            основна	 човечка	 задача,	 се	 наметнува	 идеологијата	 на
            завидување	 и	 омраза	 и	 на	 бесмислено	 трчање	 по	 некакви
            материјални	 придобивки	 кои	 кај	 секого	 ги	 уништуваат	 секоја
            духовна	 и	 морална	 вредност.	 Нема	 мир	 во	 животот,	 кој	 е
            разнишан	од	постојан	стремеж	кон	збогатување	или	земање	од
            другиот.



                                          199
   196   197   198   199   200   201   202   203   204   205   206