Page 200 - ЦЕЛИНА
P. 200

производството,	 економијата	 се	 сé	 поразвиени	 и	 навидум	 се
            чини	дека	можат	лесно	да	помогнат	луѓето	да	се	ослободат	од
            натисокот	 на	 политиката,	 од	 лошите	 меѓучовечки	 односи,	 од
            еколошките	 опасности	 и	 од	 другите	 форми	 на	 страдање	 на
            луѓето	и	на	Природата.
            Секоја	епоха	раѓа	мудреци,	луѓе	кои	знаат	доста	за	проблемите
            на	човекот	и	своите	умни	согледби	ги	споделуваат	со	сите	за	да
            може	да	се	решат	тешките	прашања	кои	ја	опседнуваат	нивната
            епоха.	 Човештвото	 ги	 памети	 тие	 свои	 добротвори,	 учи	 за
            нивните	 совети,	 ги	 повторува	 нивните	 мисли	 –	 но	 сепак
            човечките	 тешкотии	 остануваат	 нерешени	 во	 корен.	 Небаре,
            постојат	 несовладливи	 пречки	 за	 подобрување	 на	 човечките
            состојби,	 иако	 разни	 научници	 и	 на	 различни	 начини
            размислуваат	за	најголемите	тешкотии	и	предлагаат	решенија	за
            нив.	 Од	 историјата	 на	 човештвото	 ни	 остана	 поука	 за	 тоа	 дека
            оние	 кои	 не	 водат	 сметка	 за	 своите	 проблеми	 ќе	 мора	 да	 се
            соочат	 со	 големи	 маки,	 зашто	 тешкотиите	 сериозно,	 до	 крајна
            длабочина,	ги	опседнуваат	луѓето	и	ги	водат	кон	провал.

            Таква	 е	 ситуацијата	 во	 денешното	 време	 на	 разни	 знаења	 и
            развиена	техника,	кога	секој	ден	излегува	некое	ново	сознание	и
            се	 појавува	 нов	 корисен	 апарат.	 Сигурни	 сме,	 така	 ни	 се	 чини,
            дека	денес	може	полесно	да	се	живее.	А	всушност	реалноста	не
            е	 таква.	 Опседнати	 сме	 со	 пречки	 кои	 ни	 оневозможуваат
            вистински	да	ни	се	зголеми	свеста,	да	го	развиеме	моралот,	да
            пронајдеме	патишта	за	да	ги	допреме	микро	елементите	и	да	ги
            согледаме	далечните	простори	за	кои	мислиме	дека	сега	ни	се
            на	 допир	 на	 рацете,	 дека	 барем	 можеме	 поточно	 да	 ги
            согледаме.	Не,	не	може	да	сме	спокојни,	што	е	со	барањата	од
            нашата	 внатрешност,	 кога	 сето	 живеење	 е	 преокупирано	 со
            незгодни,	 негативни,	 лоши	 околности	 и	 последици.	 Што	 се
            случува?!

            Човештвото	 навлезе	 во	 ситуација	 на	 загубена	 раса,	 не	 само	 од
            еколошки,	туку	пред	сé	од	политички	причини.	Веќе	50	години	и


                                          198
   195   196   197   198   199   200   201   202   203   204   205