Page 208 - ЦЕЛИНА
P. 208

Тоа	го	образложува	и	силниот	анти-воен	став	на	Тони	Гичевски.
            Како	модерна	личност,	во	врска	со	целиот	свет,	духовно	близок
            на	сите	народи	и	религии,	кој	ја	прифаќа	мислата	на	позитивните
            филозофи,	 тој	 бара	 да	 престанат	 сите	 воени	 дејства	 помеѓу
            луѓето	како	недостојни,	но	и	опасни,	за	човечката	егзистенција.
            Војните	 се	 резултат	 на	 демагошките	 цели	 да	 се	 создаде
            непријателство	со	другите	народи	и	држави,	се	очекува	да	бидат
            пљачкосувани	и	унесреќени	–	а	при	тоа	се	заборава	на	маките	и
            несреќите	 на	 својот	 народ.	 За	 демагогијата	 ништо	 не	 е	 свето,
            особено	 ако	 во	 неа	 се	 кријат	 планови	 за	 ограбувања,
            уништување	и	кражби	на	другите.	А	се	заборава	дека	човекот	е
            суштество	 на	 добрината,	 која	 треба	 да	 се	 одгледува	 и	 развива
            како	морална	основа	за	егзистенцијата.

            Надежта	 против	 судирите	 и	 воените	 разврски	 на	 евентуалните
            проблеми	 Гичевски	 со	 право	 ги	 сврзува	 со	 Организацијата	 на
            народите,	со	разните	форми	на	такви	понови	поврзувања	или	со
            основањето	на	нова	Светска	организација,	која	поактивно	ќе	се
            грижи	 за	 мирот	 меѓу	 народите	 и	 која	 ќе	 ја	 почитуваат	 и
            послушуваат	 во	 решенијата	 државите	 додека	 постојат	 како
            изделени	 народни	 врски.	 Светската	 организацијата	 би	 требало
            да	 биде	 човечки	 израз	 на	 Целината,	 да	 има	 достојанствена
            положба	и	грижа	за	сите	тешки	и	нехумани	пројави	во	светот.	Тоа
            би	 го	 покажувала	 со	 својата	 организација,	 органи,	 задачи	 и
            дејства.	 Новина	 за	 овие	 согледби	 во	 однос	 на	 разните	 идеи	 за
            реорганизација	 на	 Организацијата	 на	 нациите	 е	 согледбата	 и
            предлогот	 на	 Гичевски	 делегатите	 од	 секоја	 нација	 да	 имаат
            всушност	 задача	 да	 бидат	 претставници	 на	 Организацијата	 во
            други	нации,	а	не	на	своите,	за	да	не	се	создава	нов	комплекс	на
            можни	судири,	а	претставниците	на	кои	би	им	истекол	мандатот
            да	 останат	 да	 бидат	 советници	 и	 поучители	 на	 новите
            демократски	избрани	претставници	од	нивните	нации.




                                          206
   203   204   205   206   207   208   209   210