Page 202 - ЦЕЛИНА
P. 202

Тој	 празен	 живот	 е	 тажна	 слика	 на	 денешното	 човештво,
            погрешен	пат	по	кој	одат	луѓето	и	народите.	Скршени	во	своето
            достоинство,	свртени	се	против	другите	народи	и	не	изградуваат
            нужно	 единство,	 кое	 повеќе	 би	 му	 прилегало	 на	 развиениот
            човек.	И	создадените	институции	како	Обединетите	нации,	или
            имаат	ограничена	функција	или	немаат	сила	да	ги	реализираат
            обединувачките	и	мирновременските	цели.	Огромни	се	заканите
            за	човечката	неслобода	и	заблуди	околу	простото	поседување	и
            непријателството	 спрема	 другите.	 Тоа	 го	 потресува	 секого	 кој
            има	отворени	сетила	да	види	што	се	случува	и	да	размислува	за
            пропустите	во	денешната	фаза	на	човештвото.	По	многуте	векови
            на	 примитивен	 и	 воинствен	 развој,	 опседнат	 со	 демагошките
            опасности	 за	 демократијата,	 занесен	 кон	 заблудите	 за
            поседување	 и	 поднесувајќи	 зло	 и	 омраза	 кон	 другите	 луѓе,
            човекот	треба	да	се	сврти	кон	согледување	на	реалната	состојба
            и	на	патиштата	по	кои	вистински	треба	да	се	движи.

            Тоа	 е	 содржина	 на	 визиите	 и	 филозофските	 размисли	 на	 ТОНИ
            ГИЧЕВСКИ	за	современото	човештво	и	неговите	нужности.	Како
            личност	 која	 се	 школувала	 во	 разни	 области,	 која	 патувала	 низ
            целиот	свет	и	работела	во	разни	услови	и	гранки,	како	човек	кој
            го	 запознал	 современиот	 свет,	 пријателствувал	 со	 луѓе	 од	 сите
            краишта	и	континенти	и	упатен	е	во	современите	проблеми	на
            човечката	опстојба	–	во	годините	на	својата	зрелост	(роден	е	во
            1959	 година)	 тој	 не	 ги	 затвори	 сетилата	 за	 човечките	 заблуди,
            занеси	 и	 страсти,	 туку	 ги	 отвори	 сите	 свои	 духовни	 и	 морални
            потенцијали	 да	 ги	 искаже	 сознанијата	 кои	 го	 опседнуваат	 како
            зрела	 личност	 со	 општочовечка	 одговорност.	 Согледувајќи	 ги
            пропустите	кај	современите	луѓе	и	држави,	Гичевски	ги	изложи
            своите	погледи	за	неопходноста	луѓето	да	се	однесуваат	свесно	и
            одговорно	кон	својата	и	светската	иднина.

            Гичевски	 напиша	 круцијална	 книга	 „ПATEKA“	 (2014),	 со	 која
            отворено,	 со	 универзална	 загриженост,	 со	 квалитет	 на	 антички
            мудрец	 изложи	 што	 увидел	 како	 најголема	 опасност	 за
            денешното	 човештво,	 укажувајќи	 дека	 ова	 не	 е	 свесно	 за

                                          200
   197   198   199   200   201   202   203   204   205   206   207