Page 203 - ЦЕЛИНА
P. 203

големите	 проблеми	 кои	 се	 натрупуваат	 и	 ги	 водат	 луѓето	 во
            несреќна	 насока	 на	 живеење	 во	 илузии	 и	 правење	 грешки
            наместо	да	бараат	и	да	се	грижат	за	добри	решенија.	Таа	книга	ја
            објави	и	на	англиски	јазик	“THE	PATH”	(2017).

            Во	 книгата	 „Патека“	 Гичевски	 изложува	 богати	 ставови	 кои	 се
            резултат	 на	 неговите	 животни	 искуства.	 Но,	 тоа	 не	 е
            автобиографија,	туку	дело	со	кое	авторот	благородно	сака	да	ги
            истакне	 генетската	 добрина	 на	 човекот	 и	 да	 ја	 извлече	 на
            виделина	 хуманоста,	 за	 која	 укажува	 дека	 е	 потисната	 од
            егоистичката	свест	на	денешните	луѓе.	Уверен	е	дека	може	да	се
            живее	 подобро.	 Проблемите	 на	 човечката	 егзистенција	 ги
            лоцира	 пред	 сé	 во	 пороците	 и	 властољубието,	 кои	 треба	 да
            прекинат,	за	да	завладее	изворната	творечка	сила	на	природата
            и	на	човекот	–	љубовта,	која	ќе	ги	поврзува	луѓето	и	ќе	ги	води	по
            прекрасните	а	запоставени	простори	на	Земјата.	„Целината	ќе	ја
            создаде	 вистинската	 љубов“,	 констатира	 авторот.	 Умствено,
            човекот	ќе	се	служи	со	методот	на	дијалектички	реализам,	каде
            анализата	 ќе	 служи	 да	 се	 открие	 и	 надградува	 вистината	 низ
            реалните	противречности	на	егзистенцијата.

            Книгата	е	вредна	творба,	рамна	на	најубавите	согледби	и	визии
            на	 големите	 хуманисти	 од	 последните	 два	 века,	 кои	 со	 новите
            сознанија	 на	 науката	 и	 неспоредливите	 моќи	 на	 техниката	 го
            замислуваа	 животот	 на	 човекот	 неспоредлив	 со	 тешкотиите	 од
            неразвиеното	 минато.	 Но	 визиите	 на	 нашиот	 нов	 хуманист	 се
            оригинални,	 продукт	 на	 споредбата	 на	 најновите	 човечки
            состојби,	 извлечени	 од	 расчленување	 на	 грешките	 во	 новиот
            развиток	 и	 на	 болните	 илузии	 на	 современиот	 човек.	 Имено,
            него	го	боли	страдањето	на	човекот	во	новите	околности,	кои	би
            требало	да	му	донесуваат	благопријатни	ситуации,	а	го	водат	кон
            продолжување	 на	 неволјите	 небаре	 не	 се	 случила	 модерна
            еволуција.	Гичевски	го	согледува	основниот	извор	на	човековата
            неслобода	 и	 перманентна	 несреќа	 во	 негативностите	 на
            социјалнаата	организација,	која	не	го	ослободува,	туку	и	натаму
            го	заробува	човекот.	Основниот	непријател	авторот	го	атакува	од

                                          201
   198   199   200   201   202   203   204   205   206   207   208