Page 199 - ЦЕЛИНА
P. 199

Проф.	д-р	Кирил	Темков



              ЗА	ВИЗИИТЕ	И	ФИЛОЗОФСКИТЕ	УЧЕЊА	НА	ТОНИ	ГИЧЕВСКИ
             ЗА	ЕДИНСТВОТО	НА	СВЕТОТ	И	ИДНОТО	ОБЕДИНЕТО	ЧОВЕШТВО


            Современиот	 свет	 е	 огромна	 заедница	 на	 луѓе	 и	 народи.	 Се
            обидуваат	да	воспостават	комуникации,	да	постигнат	единство,
            да	разменуваат	сознанија,	мисли,	пораки,	да	пронајдат	патишта
            како	да	ги	решат	проблемите	кои	ги	навасуваат,	а	тие	не	можат
            докрајно	 да	 ги	 разберат	 и	 да	 се	 ослободат	 од	 нив.	 Живеат
            најчесто	со	тешкотии.	За	маките	може	да	се	најдат	објаснувања	и
            причини,	 иако	 тоа	 не	 им	 го	 олеснува	 постоењето	 на	 луѓето,
            бидејќи	најчесто	тие	не	можат	да	ги	достигнат	нивните	извори	и
            да	ги	изменат.

            Тие	 енормни	 тешкотии	 на	 луѓето	 пред	 сé	 произлегуваат	 од
            недоволната	грижа	на	нивните	власти	за	проблемите	на	нивното
            живеење,	за	нивното	производство	и	за	нивните	имоти,	потоа	се
            резултат	 од	 конфликтите	 и	 страдањата	 кои	 се	 зачестени	 во
            човештвото,	иако	изгледаше	дека	по	двете	големи	светски	војни
            ќе	завладее	мир.	Исто	така	секој	човек	на	Земјата	е	повреден	на
            страдањата	 на	 Природата,	 чии	 ресурси	 се	 искористуваат	 до
            крајните	 капацитети	 и	 безумно	 се	 шири	 загадување	 на	 сите
            страни.	 Луѓето	 ги	 измачуваат	 и	 илузиите	 кои	 ги	 имаат	 за
            освојување	богатства,	за	кои	сонуваат	лесно	да	си	ги	обезбедат,	а
            исто	така	и	несредените	семејни	односи,	кои	стануваат	еден	од
            најтешките	меѓучовечки	релации	во	денешницата.	Тие	и	другите
            проблеми,	кои	од	сите	страни	ги	опседнуваат	луѓето,	и	старите	и
            младите,	 не	 изгледаат	 решливи,	 дури	 секој	 ден	 стануваат	 сé
            потешки.	Потресите	што	ги	демнат	и	им	се	прават	на	луѓето	се
            поопасни	 и	 од	 природните	 неволји	 и	 катастрофи,	 што
            истовремено	 се	 зголемуваат	 по	 број	 и	 силина	 и	 ги	 загрозуваат
            животите	на	луѓето	насекаде	низ	светот.	Човечката	егзистенција
            станува	сé	 понеизвесна,	 иако	 науката,	 технологијата,	 техниката,
                                          197
   194   195   196   197   198   199   200   201   202   203   204