Page 207 - ЦЕЛИНА
P. 207

богатства,	 недостижни	 поседувања,	 празни	 надежи	 и	 лажни
            очекувања.	 Во	 таа	 смисла,	 Гичевски	 посочува	 дека	 очекуваната
            среќа	нема	да	им	се	случи	на	луѓето	во	таквата	негативно	барана
            насока,	 туку	 само	 како	 општочовечки	 дострели	 на	 етиката	 и
            добрината	во	рамките	на	универзалната	човештина.
            Затоа	 како	 аргументи	 ги	 приведува	 идеите	 на	 низа	 големи
            филозофи,	 со	 што	 оваа	 книга	 е	 и	 сокровишница	 на
            најблагородните	 мисли	 и	 визии	 на	 величествените	 мислители.
            Најмногу	 од	 нив	 се	 од	 Антиката,	 каде	 размислата	 за	 човекот
            имала	 посебна	 тежина,	 зашто	 ги	 поврзувала	 сознанијата	 за
            природата	 со	 свеста	 за	 човековата	 судбина.	 Филозофите	 се
            соодветно	одбрани,	но	изборот	исто	така	сведочи	за	знаењата,
            студиите	и	свеста	на	авторот	Гичевски,	кој	знае	да	ги	пласира	и
            да	 го	 оправда	 токму	 својата	 ориентација	 во	 антрополошката
            филозофија.
            Бидејќи	 историјата	 е	 тема	 на	 филозофите,	 би	 можеле	 да
            очекуваме	 Гичевски	 да	 ја	 извлекува	 својата	 визија	 за
            доблесниоит	 свет	 од	 поуките	 од	 историјата	 и	 соодветните
            историски	 ставови	 од	 одредени	 епохи.	 Меѓутоа,	 радикално
            оценувајќи	 ја	 негативната	 државна	 практика	 на	 постојано
            војување	(за	што	филозофот	Кант	пред	повеќе	од	две	столетија
            изгради	 извонредно	 антимилитаристичко	 учење),	 Гичевски	 нé
            учи	да	не	се	насочуваме	кон	оптоварувањата	од	историјата,	кои
            може	 само	 да	 ја	 блокираат	 нашата	 современа	 свест	 со
            необразложени	 позиции,	 туку	 да	 се	 свртуваме	 кон	 ИДНИНАТА,
            која	нé	очекува	и	која	бара,	разложно,	неумитно	да	гледаме	кон
            утрешните	денови	и	сплотените	хумани	врски	со	луѓето.	Наместо
            понекоја	 невистина	 или	 демагошка	 местенка,	 која	 во	 минатото
            ќе	си	најде	некакво,	најчесто	лажно,	скришно	образложение,	со
            кое	 ќе	 се	 занесуваат	 луѓето,	 свртеноста	 кон	 иднината	 ќе	 носи
            човечки	 решенија	 и	 односи,	 кои	 ќе	 се	 мерат	 со	 заедничката
            среќа,	 а	 не	 со	 изделени	 пљачкосувања	 на	 имотот,	 творбите	 и
            богатствата	на	другите	народи.



                                          205
   202   203   204   205   206   207   208   209   210