Page 198 - ЦЕЛИНА
P. 198
Човекот се стреми кон среќа, но тоа да го постигне е можно
само ако ја признае целината.
Човекот треба да ги открива суштинските односи и да ја гледа
заедничката корист, која ќе му обезбеди трајна лична корист.
Човекот треба да го разбуди разумот за да добие волја за
просветлување со која ќе го издигне живеењето.
Човекот треба да се сака самиот себе и да се надградува со
љубов кон другите. Таквиот пристап кон живеењето ќе донесе
спокој и благосостојба како на единката така и на општеството.
Човечкиот морал се издига во хармонизираната целина.
Многу нешта се кажани и дадени до знаење. Слога, сплотеност
и почитување меѓу луѓето носи голем прогрес. Проширени
видици во целината ќе овозможат човекот да живее добро.
196

