Page 197 - ЦЕЛИНА
P. 197
Филозофијата мора да ја открива комплексноста и реалноста
на светот со цел зголемување на доброто живеење.
Објаснување или образложување, толкување и одговор за
животните прашалници е работа на филозофијата.
Функционалност, корист и практичност се добива во целина во
која има еден интерес.
Целина ја дава благосостојбата, го мотивира човекот за
напредок и развој.
Целината е врв на живеењето.
Целината ќе роди нови услови со кои ќе се измени човековото
живеење и ќе преовладува рационалниот ум.
Цивилизирано општество е можно само во целина во која нема
форсирање на одделни нации или колективи, цивилизиран
човек е морален човек кој ги почитува и му помага на другиот.
Често човекот се прашува дали е задоволен од своето живеење,
секој индивидуум е незадоволен или е недоволно задоволен.
Правилно постапување во живеењето не зависи од единката,
туку од општествените односи во неговото опкружување.
Човекот е суштество со разум, кое има можности за избор на
вредности и донесување решение за постапките.
Човекот е трудољубив, штедлив, мудар, паметен, морално
исправен, искрен и човекољубец. Живеењето на луѓето во
целината ќе доведе до издигање на човековите вредности, кои
ќе донесат подобро живеење.
Човековата суштина е добро живеење, потреба од спокојство и
среќа на единката, кои се во сооднос со општеството. Само
целината дава целосна исполнетост и чувство на задоволство и
среќа.
195

