Page 196 - ЦЕЛИНА
P. 196
Спроведување во практика на успешна мисла се добива само
во целина која е организирана и има единствена цел и
единствен интерес.
Стремежот на човекот е движечка сила за развој на
општеството. Лошиот стремеж ги загрозува луѓето и го создава
злото, добриот стремеж е корисен за општото добро.
Суверена држава значи давање право на посилната да владее
со послабата држава.
Суетен човек е склон кон повредување на другиот, со своите
постапки и однесувања несвесно прави зло, но ако е со намера,
тогаш суетноста поминува во свесен криминал.
Суетниот човек мисли дека има најдобар разум, разумниот
човек не е суетен.
Суштественото дава резултат на морално однесување во
општествените односи.
Творечкиот стремеж за создавање нешто во една целина
добива голема слобода за изразување на моралот во
уметноста.
Тотална самодоверба на човекот се добива само во целината.
Трите видови владеење, аристократија, демократија и
монархија, се застарени и непродуктивни за иднината. Волјата
на целината е иден столб на новите општествени односи.
Условите на живеење во иднина нема да предизвикаат желба
на човекот да биде одделен од целината и да има своја
сопственост.
194

