Page 195 - ЦЕЛИНА
P. 195
Секој човек има пријатели и непријатели, со издигање и
качување нагоре ќе се зголемуваат пријателите, а ќе се
намалуваат непријателите.
Секој човек треба да направи интроспекција, непосредно да го
набљудува својот внатрешен живот, да ги анализира
сопствените дела и постапки, длабоко да проникнува во себе со
цел да ја види целината како добрина на живеењето.
Секоја добра мисла која е полезна и дава успех треба да се
следи и задржи, целината како единствен релевантен
проценител дава општествено признавање за полезноста на
мислата.
Слободата е зависна од достоинството. Ако самопочитта е
окупирана и потисната, тогаш слободата е изразена со
демагогија.
Слободата е широк поим, кој треба да се разложува на делови,
за да се дојде до отфрлање на демагогијата која владее денес.
Слободата, правдата, мирот и спокојството на човекот се
постигнуваат само во целината.
Солидарноста или единството на мислењето и на заедничкиот
интерес се постигнува само во целината.
Сомилоста е жал предизвикана од несреќата на друг човек.
Сомилоста е специјално голема кон најблиските. Ако се
доближите до најдалечните, тогаш сомилоста ќе биде
поборник против злото.
Сопственоста и борбата за создавање на лични материјални
добра ќе изумре. Причината за овој иден процес е целината,
која има повисока и единствена цел.
193

