Page 194 - ЦЕЛИНА
P. 194
Приватните и јавните нешта се во сооднос, тие никогаш не се
независни едните од другите.
Признаена и создадена целина создава единки кои се
развиваат, усовршуваат и одат во правилна насока кон подобро
човеково живеење.
Природната состојба на живеењето се добива само во
целината.
Прифаќање на универзални општи принципи од сите луѓе на
светот не е можнo во разединета целина. Во признаена целина
ќе се прифатат и сите етички пораки создадени од филозофите
од целиот свет.
Разумот ги разликува доброто и злото. Чистиот ум на
новороденчето не го разликува доброто и злото, тоа се
апстракции. Воспитувањето е најважен елемент за добри
општествени односи.
Разумот е проникнат од чувствата, тоа е разликата меѓу човекот
и животните, природноста на таа состојба го создава моралот.
Реалноста и фактичката состојба на човекот се зема како
предмет на проучување за да се одвои доброто и злото, со што
ќе се роди волја со која ќе се даде простор за ослободување на
духот и за ширење на нагонот за среќа.
Реалноста не може да се релативизира, реалната добрина и
релативната добрина се мерат со задоволството. Задоволен
човек или задоволно општество е врв на реалното добро.
Својствата и определбите на човекот се предуслов за
снаоѓањето во светот денес. Ако претпоставиме дека сите
единки се снаодливи, резултатот би бил поразителен за целото
општество такво како што е денес.
192

