Page 193 - ЦЕЛИНА
P. 193

општеството.

            Општеството	 е	 збир	 од	 единки	 кои	 се	 меѓусебно	 поврзани	 со
            дејства,	таквите	меѓусебни	односи	ја	раѓаат	љубовта,	која	треба
            да	е	столб	за	човековото	живеење.

            Организираното	 општество	 во	 целина	 и	 единствениот
            образовен	систем	ќе	создадат	морални	и	генијални	луѓе.

            Отворање	 очи	 на	 човекот	 за	 живеење	 во	 целината	 ќе	 роди
            силна	желба	кај	луѓето	за	менување	на	општествените	односи.

            Патот	 по	 кој	 се	 движи	 и	 развива	 човештвото	 е	 бесконечен.
            Самоуништувањето,	кое	е	голема	закана	за	човекот,	треба	да	се
            обмисли	и	спречи.

            Патот	 по	 кој	 треба	 да	 се	 движи	 човекот	 треба	 да	 биде
            општествено	 признат,	 таквата	 хармонија	 на	 движење	 ќе	 ги
            поттикне	позитивните	нешта	во	живеењето.

            Песимизмот	 и	 оптимизмот	 се	 браќа	 кои	 ја	 предвидуваат
            иднината	на	нештата.	Реалното	е	резултат	на	сегашноста.
            Плурализмот	во	целината	го	дава	точното	решение	и	патот	по
            кој	 ќе	 оди	 човекот.	 Само	 целината	 е	 фактор	 и	 дестилат	 за
            убавото	живеење.	Решение	за	нешто	во	рамки	на	една	држава
            никогаш	не	е	добро	решение	поради	интересот	на	таа	држава.
            Поклонување,	 снисходливост	 или	 додворување	 пред	 други	 е
            губење	 на	 личната	 слобода.	 Апсолутна	 лична	 слобода	 на
            човештвото	е	идно	општествено	уредување.

            Потребите	на	човекот	се	бесконечни.	Разумноста	во	потребите
            е	 во	 сооднос	 со	 општествените	 односи,	 страста	 за	 поголема
            потреба	е	нереална	ако	општествениот	однос	и	општествениот
            развој	се	на	ниско	ниво.	Нереална	желба	за	нереална	потреба
            создава	злодела	и	ги	повредува	другите.



                                          191
   188   189   190   191   192   193   194   195   196   197   198