Page 192 - ЦЕЛИНА
P. 192
Нагонот за среќа на блискиот е природно дејство, човекот треба
да ги менува општествените односи за и најдалечниот да му
биде близок.
Нагонот кој е предизвикан од инстинктот за добро живеење
човекот го имал секогаш. Од таквата причина луѓето се
развивале за да дојдат до универзалноста која ќе ги води до
бесконечноста.
Најголема етика и најголем морал на човекот се постигнуваат
во целина во која се создава општата среќа.
Најчесто државите во светот и власта се обезбедуваат со
додворување, сплетки и други нечесни дејство. Тоа е резултат
од поделеноста на целината и негирање на дијалектичкиот
реализам.
Напредокот на цивилизацијата создаде многу незадоволни
луѓе, контрадикторноста на ваквата состојба лежи во
нееднаквоста на луѓето во светот.
Нервирањето и лутењето не се природни импулси, лошите
општествени односи се причина за нивна егзистенција.
Одгледување и развивање на свеста кај човекот за вистинските
вредности е цел за иднината.
Однесување на човекот на човечен начин, кој нема да ги
повредува другите и нема да биде саможив, треба да с цел и
стремеж на воспитувањето.
Општата волја на народот не се постигнува во една држава,
дури со демократски систем, кој ја деформира самата волја.
Општата волја на целината е врвот на човекољубието.
Општествениот развиток денес е на повисоко ниво од
општествените односи. Паралелниот однос на општествениот
развој и општествените односи ја дава хармонијата во
190

