Page 191 - ЦЕЛИНА
P. 191

Личната	 среќа	 денес	 и	 во	 минатото	 не	 е	 спокојна	 и	 целосно
            исполнета	 од	 причини	 што	 човекот	 е	 во	 неквалитетни	 односи
            со	другите.

            Луѓето	во	целината	вистински	одлучуваат	како	ќе	живеат.

            Љубовта	кон	парите	е	желба	да	се	добие	љубов.

            Љубовта	 кон	 семејството	 е	 основен	 морален	 однос,	 љубовта
            кон	човекот	е	тотален	морален	однос.

            Љубовта	 помеѓу	 маж	 и	 жена	 е	 морален	 однос,	 љубовта	 од
            човекот	кон	општеството	и	кон	природата	е	морален	однос.

            Методите	 за	 осознавање	 на	 патот	 кон	 подоброто	 се	 збир	 на
            идеи	 кои	 треба	 да	 се	 општествено	 признати	 за	 да	 се
            употребуваат	и	користат	во	општествените	односи	со	цел	да	се
            развива	општеството.

            Методот	 како	 да	 го	 водиме	 својот	 ум	 не	 зависи	 само	 од
            единката,	 туку	 зависи	 и	 од	 општествените	 односи	 на
            живеењето.
            Моралот	без	општество	не	е	потребен	ниту	ќе	егзистира,	Адам
            немал	 морал,	 но	 со	 првичниот	 контакт	 со	 Ева	 почнале	 да	 се
            мерат	со	морал.

            Моралните	 способности	 на	 човекот	 се	 бесконечни,	 нивото	 на
            моралот	зависи	од	општествените	односи.

            Моралното	 воспитување	 на	 младите	 генерации	 е	 прва	 цел	 за
            иднината.	 Воспитувањето	 треба	 да	 пренесе	 љубов	 за
            добродетелите.

            Моралот	 низ	 историјата	 бил	 искористуван	 од	 страна	 на
            владетелите	со	пишаните	закони	кои	ги	дефинирале	моралните
            вредности.	Со	нив	се	криела	лицемерноста	на	владетелите.



                                          189
   186   187   188   189   190   191   192   193   194   195   196