Page 190 - ЦЕЛИНА
P. 190
Егоизмот означува поставување на своите интереси над
интересите на сите други. Ако егоизмот го ставиме како
множина во целината, тогаш егоизмот се доближува до
алтруизам.
Единката е дел од општеството, па личната среќа се добива од
општата среќа.
Еднаквост и братство меѓу луѓето се постигнува во целината со
примена на дијалектичкиот реализам.
Етичкото однесување извира од моралната перцепција на
личноста.
Инстинктот влијае врз етичкото однесување на човекот.
Интелектуелното и морaлното усовршување во целината ќе го
даде колективното спокојство.
Изградба на подобар човек се постигнува во подобро
општество, единката и општеството се во ист простор и целина.
Општествено признавање на целината ќе ја подобри единката,
која е дел од целината.
Искажаните зборови, како „ова е мој народ“ „ова е моја земја“,
се користени од луѓе кои го поделуваат интересот на многу
делови. Таквата поделба даде резултат - уништување на
човекољубието.
Кога општото добро ќе владее во целината, тогаш човекот ќе
биде во својата природна форма.
Колективната слобода ја дава индивидуалната слобода.
Корекција на лошото однесување и дејствување се добива во
една целина во која правичноста ќе се издига, а негативните
односи ќе се намалуваат.
188

