Page 189 - ЦЕЛИНА
P. 189

Емоцијата	 човекот	 ја	 изразува	 ако	 доживее	 нешто	 што	 го
            возбудува	 или	 ги	 зголемува	 чувствата,	 што	 би	 значело	 дека
            емоциите	 се	 променливи,	 различни	 и	 зависат	 од	 степенот	 на
            развој	на	околината	во	живеењето.	Во	целината	на	живеењето
            емоциите	кај	човекот	или	духовната	состојба	на	радост	и	љубов
            ќе	бидат	предизвикани	од	суштинските	вредности	на	нештата.

            Етичкото	однесување	во	целината	е	цел	на	моралот.

            Животната	 реалност	 како	 предмет	 на	 истражување	 води	 кон
            подобро	живеење	во	иднината.

            За	да	не	повредиш	некого,	некој	да	не	те	повреди	тебе	-	треба
            да	постои	морал	и	етичко	однесување.

            Задоволен	живот	на	единка	е	можен	само	во	целина	во	која	ќе
            владее	 социјален	 морал	 и	 организираност	 на	 општественото
            живеење.

            Задоволни	телесни	и	духовни	потреби	на	луѓето	резултираат	со
            добри	општествени	односи	и	правилен	општествен	развој.

            Здружена	целина	и	создавање	на	едно	и	единствено	општество
            е	постапка	и	начин	за	уништување	на	страдањето	на	човекот.

            Злоба	 и	 злото	 постојат	 и	 нивното	 проникнувањето	 е	 поради
            поделеноста	на	целината.
            Злото	 и	 лошите	 навики	 се	 дел	 од	 историјата	 и	 производ	 на
            негативната	егзистенција	и	на	стремежот	или	силната	амбиција
            за	 истакнување	 пред	 и	 над	 другиот.	 Праведноста	 денес	 е
            релативизирана	 и	 таквата	 поставеност	 го	 создава	 злото.
            Живеењето	во	целина	ќе	го	потисне	и	уништи	злото	од	причини
            што	 егзистенцијалните	 потреби	 ќе	 бидат	 задоволени,	 а
            индивидуалниот	стремеж	ќе	значи	целосна	корист.

            Знаењето	е	моќ	која	треба	да	се	користи	во	целината	за	одење
            во	вистинската	насока	на	општествениот	развој.

                                          187
   184   185   186   187   188   189   190   191   192   193   194