Page 188 - ЦЕЛИНА
P. 188

Денес	 имаме	 јаболко	 кое	 е	 нездраво	 затоа	 што	 е	 прскано	 со
            разни	 хемикалии.	 Во	 целината	 овошјето	 ќе	 биде	 здраво	 и
            полезно	 за	 нашето	 здравје.	 Причина	 е	 што	 целиот	 свет	 сака
            здраво	 јаболко	 и	 целината	 нема	 да	 дозволи	 да	 се
            произведуваат	нездрави	јаболка.
            Денешната	 неприродна	 состојба	 на	 луѓето	 ја	 произведува	 и
            потхранува	себичноста.

            Денешната	 филозофија	 на	 живеење,	 наоѓање	 излез	 од	 секоја
            ситуација	и	решение	за	секој	проблем	се	гледа	во	јаснотијата
            на	 организираност	 во	 целината	 како	 единствено	 решение	 за
            денешните	проблеми,	кои	самостојно	не	може	да	ги	реши	ни
            една	држава	во	светот.

            Денешните	 општествени	 односи	 во	 светот	 ги	 создаваат
            паразитите	 и	 алчните	 луѓе	 за	 власт.	 Живеењето	 во	 целина	 ќе
            доведе	 до	 постојано	 намалување	 на	 негативните	 страсти	 кај
            човекот.

            Дијалектичкиот	 реализам	 дава	 можност	 за	 барање	 нови
            вистини.	 Замената	 на	 старата	 вистина	 со	 нова	 мора	 да	 е
            општествено	признаена.

            Дијалектичкиот	 реализам	 ја	 издигнува	 демократијата	 во
            суштина	на	човечкото	живеење.

            Дијалектичкиот	   реализам	   како	  метод	   треба	  да	   се
            имплементира	 во	 науката	 за	 подобрување	 на	 општествените
            односи.	 Голем	 квантитет	 на	 дострелите	 ќе	 даде	 повисок
            квалитет	во	откривање	на	насоките	на	човечкото	живеење.

            Достоен	граѓанин	на	светот	кој	живее	спокојно	се	постигнува	во
            колективно	организираното	живеење.

            Држава	 на	 благосостојба	 не	 постои,	 нитуможе	 да	 се	 достигне
            од	 причина	 што	 таа	 е	 во	 однос	 со	 други	 држави.
            Благосостојбата	се	постигнува	во	една	целина.
                                          186
   183   184   185   186   187   188   189   190   191   192   193