Page 187 - ЦЕЛИНА
P. 187
продуктивност ја гради суштината на човечкиот развој.
Во иднина, кога целината ќе биде признаена, ќе владее
хармонија меѓу луѓето.
Во религиите има нешто што го надминува умот. Таквата
состојба на разумот е доказ дека целината може да создаде
верба кај луѓето за космополитско и морално живеење.
Во целината војните ќе бидат минато и заборавени во
човековиот ум. Еднаквиот интерес ќе ги замре сите војни и зла
на целата наша планета.
Во целината етичкото однесување ќе биде дел од
секојдневното живеење.
Во целината живеењето ги зголемува и шири моралните
однесувања.
Возобновување на целината е одблесок од разни идеи и со неа
се отвора пат за нови видови сознанија и етички позиции на
човекот во универзалната цивилизација.
Волјата се јавува од желбата за успех на нешто што би ни било
корисно, општото корисно дава единична корист, добро
средена организирана целина продуцира голема општествена
корист.
Да се определи значење на некоја идеја треба да ги увидиме
практичните последици и штети што следат од нејзината
вистинитост. Целината не создава негативни последици за
општеството. И денешните богати поединци ќе имаат посреќно
живеење во една целина.
Демократија уште од Аристотел до денес не била суштествено
исполнета. Демократскиот прагматизам во целината го издига
на повисоко скалило општествениот развој.
185

