Page 143 - ЦЕЛИНА
P. 143
Игнорирањето на проблемите им дава сила на негативните
појави. Да се потсетиме на Евреите во Европа, колку милиони се
убиени во логорите низ цела Европа за време на Втората светска
војна? Пред војната тие припаѓале на високите слоеви во
европските земји. Евреите пред Втората светска војна ни на сон
не помислувале дека ќе им се случи нешто толку страшно.
Општеството за секое решение мора да тргнува од
дијалектичкиот реализам. Општественото признавање мора да
биде носечки темел на сите идни насоки во општеството.
Организирано општество треба да ни е прва задача.
Капиталистичкото општество нема јаки столбови за да го издржи
притисокот. Денес имаме глобализација, има компании кои не
може никој да ги победи. Како е можно момче од рурална
средина да создаде профитабилна компанија, а има амбиции и
сила да го направи тоа? Тоа можело порано, но денес е реткост
или невозможно. Од ова може да се заклучи дека денешното
време бара нов општествен поредок, кој ќе соодветствува на
овие услови. Денес имаме нови економски услови, а од другата
страна, стара општествена организација. Тоа е исто како да одиш
на свадба со нов костум и искинати патики. Едноставно не оди.
Затоа има толку големи проблеми во светот, темелот не може да
издржи, тој ќе попушти и куќата ќе се урне. Комунизмот има
бројни недостатоци кои не можат да се поправат. Едноставно,
патеката на иднината е во создавањето нов систем на
општествените односи во една целина.
Денес етиката и моралот се декларативни, тие не се чувствуваат,
индивидуалната етика и морал се применуваат за да се зачува
личниот интегритет.
Многу ретко порно филмовите се гледаат групно, а порно
индустријата цвета. Индивидуалниот морал и етика мора да се
чувствуваат. Ова мора да се нагласи за да можеме да ги
менуваме. Каде е совеста? Ние треба да ја разбудиме од сонот.
Разумот на човекот мора да се избори и да пронајде рационално
141

